Еден зачудувачки нов лик на еден од најблиските галактички соседи на Млечниот Пат, Барнардовата галаксија, открива богато формирање на ѕвезди и маглини со чудни облици. На релативно блиска оддалеченост од околу 1,6 милиони светлински години, Барнардовата галаксија е член на локалниот архипелаг од галаксии, во кој припаѓа и нашиот дом, Млечниот Пат.
Галаксијата, позната и како NGC 6822, беше откриена од американскиот астроном Едвард Емерсон Бернард во 1884 година. Новата фотографија направена со телескоп на Европската јужна опсерваторија во Ла Сиља во Чиле, ја прикажува Барнардовата галаксија под море од ѕвезди во преден план, во правец на соѕвездието Стрелец.
Барнардовата галаксија е џуџеста галаксија на која, за разлика од соседите на Млечниот Пат, Андромеда и Тринагулум, и недостигаат спиралните краци. Таа, исто така, е многу помала од некои свои соседи во локалната група, со околу 10 милиони ѕвезди, споредено со проценетите 400 милијарди во Млечниот Пат.
Црвенкастите маглини на новиот лик откриваат области на активно формирање нови ѕвезди, каде што млади, врели ѕвезди ги загреваат блиските облаци од гас. Во горниот лев агол на фотографијата се забележува маглина во облик на меур. Во центарот на маглината се наоѓаат грст масивни, врели ѕвезди што испраќаат бранови материја (радијација), кои, пак, се набиваат во околната меѓуѕвездена материја. Ова создава вжарена структура, која се појавува како прстен гледано од наша перспектива. И други слични бранови од загреана материја, исфрлени од вжештени млади ѕвезди, исто така, се расфлани низ Бернардовата галаксија.
Неправилните џуџести галаксии, како Бернардовата галаксија, своите случајни облици ги добиваат од блиски средби со други галаксии. Кога две галаксии ќе се судрат, нивните гравитациски интеракции можат да ги деформираат облиците на галаксиите.