Плачеме кога сме тажни. Плачеме од радост, но плачеме и кога чувствуваме голема болка. Но, сте знаеле ли дека плачењето е особено здраво и помага при воспоставувањетоšна емоционална рамнотежа во разни ситуации? Според научните истражувања, честото плачење е една од важните причини заради која жените живеат подолго од мажите, кои, пак, поради предрасуди ја избегнуваат оваа навика.
Следниот пат кога ќе се обидете да се воздржите од плачење, имајте ги предвид следните факти кога ќе почувствувате солзи во очите:
Солзите ги убиваат бактериите. Благодарение на солзите, не ни се потребни никакви средства за дезинфекција на очите. Бактериите кои секојдневно доаѓаат во допир со очите успешно се отстрануваат со солзите, кои заради својата структура имаат антибактериско дејство. Во себе содржат лизозим, течност која во рок од 5 до 10 минути убива 95 % од бактериите.
Солзите ги отстрануваат токсините. Во најновите научни студии е откриено дека солзите предизвикани од негативни чувства содржат повеќе токсини отколку оние предизвикани од различни иритации. Солзите дејствуваат многу позитивно бидејќи ги отстрануваат насобраните токсини предизвикани од стрес.
Солзите ни помагаат да гледаме. Најосновната функција на солзите е да ни овозможат да гледаме. Не само што ни ги навлажнуваат очите, туку и ја спречуваат дехидрацијата. Доколку не би плачеле, очите би не болеле, а видот би ни бил многу послаб.
Солзите ги ослободуваат чувствата. Дури и ако не сме доживеале ништо трауматично, ние секојдневно акумулираме мала доза на незадоволство. Тоа предизвикува хемиски промени во мозокот и во срцето. Плачењето има прочистувачки ефект бидејќи ги исфрла внатрешните негативни чувства од нас пред да предизвикаат поголеми проблеми.
Солзите градат заедништво. Солзите не само што придонесуваат за подобра здравствена состојба, туку и ги зајакнуваат врските меѓу луѓето. Низ заедничко плачење луѓето се зближуваат и стануваат многу потолерантни едни кон други. Солзите помагаат за побрзо воспоставување на комуникација, а со тоа и за создавање заедништво.
Плачењето може да го поправи расположението. Плачењето кај луѓето е поврзано со намалување на концентрацијата на хемиски соединенија кои инаку се поврзуваат со нервоза, агресивност, емоционална вознемиреност и загриженост. Емоционалните солзи исфрлаат посебни протеини кои служат за пренос на токсичните молекули.
Плачењето го намалува стресот. Сите досегашни истражувања и тестирања потврдуваат дека негативните ефекти од стресот се намалуваат кај луѓето кои плачат. Докажано е и спротивното, воздржувањето од плачење го зголемува нивото на стрес и ја поттикнува појавата на разни здравствени проблеми, како срцеви заболувања и чир на желудникот.