K 2 Dyno replay, системот за повторување на Grass Valley, е моќен по своите можности, а измислен е за продукција на спортски преноси во живо, но, се разбира, и за други намени, а при тоа и не е многу скап!
Како што е познато, спортските натпревари се едни од најзастапените преноси кои носат доста пари, а бараат добра и квалитетна опрема, бидејќи изобилуваат со исклучиво брзи случувања. Спортските бродкастери за K2 Dyno replay системот велат дека не само што има убави перформанси и лесно се ракува со него, туку и дека индустријата дала уред на иднината, идеален за својата намена: за повторување и забавување при спортски настани и други случувања. Но, да почнеме со ред.
K2 Dyno replay системот на Grass Valley е опремен со T-bar (Т-рачка), LCD touchscreen, дополнителен VGA излез, брза мрежна врска, УСБ-конектори и основни копчиња, слично како кај класичните продукциски видеомиксери и контролери за повторување на сликата. Посебна погодност е тоа што со K2 Dyno replay системот можат да управуваат два оператора истовремено, така што едниот оператор се грижи за продукцијата како основен процес, а другиот оператор ја приготвува листата на настани што ќе се повторуваат, плеј листата за монтажа, уфрлува разни потребни податоци и слично, преку дополнителниот VGA излез и стандардниот USB или преку PC тастатурата и глушецот.
Клучни основни карактеристики: системот може да се употребува за SD и HD преноси и снимања; времето за кое системот е способен да стартува за снимање или репродукција е помало од пола секунда; има можност за slow motion; можност за плеј листа со микс ефект на транзиција надвор од каналот на кој работи; вграден мониторинг со гледање на повеќе слики; креирање на видеоинформација со повеќе дополнителни податоци; фамилијарен е со нелинеарните едитори за директен експорт/импорт на сигнали; сите фајлови ги зема директно од УСБ; работи со разни формати.
Во светот веќе се продадени повеќе K2 Dyno replay системи на Grass Valley и сите што ги набавиле се задоволни.