Google сака неговите автомобили со автономно движење да ги пушти во сообраќај што побрзо. Овие автомобили, чија основа ја претставува моделот Toyota Prius, се веќе успешно тестирани, при што поминале 250 000 милји на тестирање. Задоволни од успехот со овој проект, Google се впушти во мисија да пронајде произведувач за нивното возило да влезе во сериско производство. Па така, претставници од компанијата одат буквално од врата до врата прашувајќи кој од познатите имиња ќе се нафати на ова. За да бидат работите уште поинтересни, Google оди чекор понапред и тврди дека овие возила имаат најголема безбедност од сите на пазарот. Дури тврдат дека математички е докажано дека овие возила кои се управувани од компјутер се побезбедни од оние возила кои ги управуваат луѓето. Останува да почекаме и видиме кога и дали некогаш овие возила ќе станат секојдневна глетка по улиците.
Гугл го објави нивниот проект за самоуправувачки автомобил во 2010 година. Нивна цел е да го направат возењето побезбедно, попријатно и поефикасно. Неодамна на тие споделија видео со еден од нивните омилени моменти. "Еве го Стив, кој ни се придружи на специјално возење на внимателно програмирана рута за да го доживее престојот зад воланот на сосема нов начин. Го организиравме овој тест како технички експеримент, но мислиме дека тоа е исто така ветувачки поглед на тоа што автономната технологија може еден ден да испорача доколку може да се исполнат ригорозните стандарди за технологија и безбедност." – пишуваат од Гугл за видеото во прилог