Рубрика: Автомобилска техника
Заблуди, измами и вистини: HHO генератор на лаги
Автори: Александар Тошоски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откога постојат автомобилите, се појавуваат некои кои тврдат дека измислиле различни уреди кои, вградени во моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво. Досега, за сите вакви уреди докажано е дека не работат, но сепак многу од овие уреди сè уште можат да се најдат на пазарот. Еден ваков уред е HHO генераторот, кој прв го продавал Стенли Меер.

Нема, нема, па по некое време пак ќе изникне некоја нова идеја за перпетуум мобиле. Поинаков од претходните, но сепак повторно најобичен перпетуум мобиле – кој не функционира, се разбира. Ништо страшно, отсекогаш имало луѓе кои промовирале разни видови перпетуум мобиле и се бламирале себе си пред светот. Не е важно дали тоа било поради незнаење, или пак од едноставна лакомост по пари од наивните "жртви". Но важно е, за жал, што секогаш се наоѓале наивни лекомисленици кои наседнувале на тие шарени лаги, трошејќи големи пари на безвредни машинерии. За среќа, основното школско образование обезбедува колку-толку заштита од најекстремните примери на верување во можноста за постоење на перпетуум мобиле, па така бројот на наивните по ова прашање се намалил на поднослив минимум. Затоа, вештите манипулатори смислиле нов начин за привлекување пари од наивните жртви – веќе не го користат називот "перпетуум мобиле", туку "генератор на бесплатна енергија" или "генератор кој произведува повеќе енергија отколку што влегува во него" (over unity generator). Истата лага, само спакувана во нова амбалажа.

Комплет за HHO генератор спремен за вградување во автомобилот.

Ни малку побезопасни по џебот на наивните не се уредите кои ветуваат заштеда на сè и сешто, на пример, бензин во автомобилите. Прво се појавија разни егзотични магнети и "катализатори" кои, наводно, ја намалуваат потрошувачката на гориво, ако се постават на доводната цевка за бензин. Оние што наседнаа на оваа лага, за големи пари купија обични мали магнети (или обична лимарија), а потрошувачката на гориво си остана иста. Бројот на таквите наивни жртви со време опадна, па беше време за појава на нов "револуционерен пронајдок" – HHO ќелија. Тоа е уред кој се состои од сад со вода, електроди кои вршат електролиза на водата (разложување на водата на водород и кислород) и електроника за импулсно-ширинска модулација на напонот од акумулаторот – за наводно многу поефикасна електролиза на водата. Со електролиза од еден молекул вода (H2O) се добиваат два атома водород (H) и еден атом кислород (O), па така е промовиран називот HHO ќелија, односно HHO генератор или водороден бустер. Водородот добиен со електролизата (во некои варијанти заедно со кислородот) се меша со бензинот, и така наводно се намалува потрошувачката на гориво бидејќи водата (за електролиза), практично, е бесплатна.

Ако ова ви звучи премногу добро за да биде вистина, во право сте! Заштедата на бензин со HHO генератор е една обична, шарена лага. Всушност, потрошувачката на бензин се зголемува ако се инсталира HHO генераторот! Зошто и како, прочитајте во текстот што следува.

Клучни зборови:
Комплет за HHO генератор спремен за вградување во автомобилот.

Комплет за HHO генератор спремен за вградување во автомобилот.

HHO генератор вграден во автомобилот.

HHO генератор вграден во автомобилот.

Најсигурен начин да заштедите гориво ;-)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.