Рубрика: Аудио и видеотехника
Чујте го HDCD
Автор: Блаже Јуруковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Што всушност претставува HDCD во пракса? HDCD (High Definition Compatible Digital) означува еден нов начин за дигитално снимање на аудио сигнал со кој се намалуваат изобличувањата кои се јавуваат поради одбирачката фреквенција од 44. 1 Khz и 16 bit - ниот стандард.

Основата на HDCD системот лежи во DSP (Digital signal processing) дигиталната обработка на звукот која на некој начин ги експонира битовите задолжени за психо - акустичната слика кои не се наоѓаат на конвенционалниот CD. Кодирањето на информацијата која се втиснува на дискот се врши на два начина и тоа: дел од неа директно е собрана за сите CD плеери, а другиот дел се кодира во посебен контролен канал кој содржи импулсно - кодно модулиран сигнал. Вака снимениот сигнал на дискот се манифестира со звук кај кој јасно се забележува просторната убавина, кога тој е репродуциран од страна на обичен CD плеер и со уште поголема чистина и јасност кога тој диск е репродуциран од CD плеер опремен со HDCD систем за декодирање.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.