Рубрика: Аудио и видеотехника
Harman Kardon AVR4500
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со уште едно лето зад и нова есен пред нас, вистински предизвик претставуваше изборот за ова септемвриско издание на "ЕМИТЕР". Велат септември е вистинско време да се биде во Скопје, да се живее со градот, полека да се влезе во ритам и да се прават планови за наредните месеци. За многумина ова ќе биде период кога на врвот на листата на приоритети ќе дојде обновувањето на стариот или првата сериозна инвестиција во нов аудио систем. Сега ја разбирате мојата дилема...... Вам ќе ви биде потребен добар совет, ние сме должни да Ви го дадеме! Едноставно нели?!
Наизглед едноставно но есента е период кога производителите се свесни за "гладта" на конзументите, тоа е време кога на пазарот се појавуваат најновите отстварувања во аудио/видео индустријата (тоа сега оди заедно, нели?). Ама вистински совет не се дава туку - така, па затоа еве еден релативно свеж производ со кој го поминав речиси цело лето (желбата за експериментирање со нови уреди, слушање музика и гледање филмови е далеку поголема од летните горештини). Дами (за кои искрено се надевам дека ги има меѓу нашата читателска публика) и господа: HARMAN KARDON AVR 4500.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.