Емитер 7-8/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Од едноставен прегледувач до обемна и тешка за употреба алатка – тоа е кусиот опис на историјата на ACDSee во последните десетина години. Најновата, 12-та по ред верзија носи нов интерфејс кој помалку потсетува на ПРО верзијата, но и низа подобрувања.
Како по правило, инсталирањето на новите верзии на ACDSee ме враќа десетина години наназад, кон првите верзии на оваа мошне популарна алатка за преглед и уредување на фотографии. Поточно, на ACDSee 3.11, можеби најдобрата верзија претставена кога било. Носталгија? Не. Едноставно, првобитната идеја на ACDSee беше, и би требало да остане, само и единствено – преглед на фотографии, со по некоја опција за козметичко дотерување. Сепак, секоја наредна верзија изобилуваше со дополнителни опции, па и видеопрегледници, додатоци за архиви и што сè не, кои од симпатичното "софтверче" направија преобемна и прекомплицирана алатка. Гледајќи ја новата, 12-та по ред верзија, донекаде ми се наметнува чувство дека ACDSee полека се враќа кон корените.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.