Рубрика: Математика
Ојлеровата домашна задача
Автор: Анета Илиевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дури и најдобрите од многуте плодни математичари имале домашни задачи. Славниот швајцарски математичар Леонард Ојлер (Leonhard Euler 1707-1783) не бил исклучок од тоа. Ојлер имал само 14 години, кога бил испратен на Универзитетот во Базел во 1720 година, за да студира теологија. Набрзо по неговото пристигнување таму, тој му се претставил на Јохан Бернули (Johann Bernoulli 1667-1748) и го наговорил славниот научник и математичар да му стане ментор. Ојлер ги завршил своите студии во 1726 година. Во тоа време тој веќе имал издадено математички статии и следната година со најдобра подготовка се пријавил на престижниот натпревар спонзориран од Париската Академија. Таа година, пред да го напушти Базел и да отиде во Св. Петербург, Ојлер го примил следното задолжение од неговиот ментор: "Најди ја најкратката линија помеѓу две дадени точки во просторот."

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.