Како функционира сателитската ТВ од сателитот до приемникот, како се проектира сателитски приемен систем, како се монтира и позиционира сателитска антена.
Брошурата "Сателитска телевизија" од Кирил Крстевски, иако со мал формат и обем, е книга со голема техничка и едукативна вредност. Во неа се прикажани сите елементи на системот за сателитска радиодифузија од ТВ сателитот до приемникот. Особено внимание е посветено на практичните содржини - дадена е концизна постапка за проектирање на приемен систем, како и детална постапка за монтажа и позиционирање на сателитски антени. Во таа смисла книгата е наменета за три категории читатели: - Оние кои допрва се запознаваат со сателитска опрема ќе добијат добра основа од оваа област. - Оние кои веќе се искусни монтери, теоретски ќе се дополнат и оспособат за проектирање на системот. - Оние кои се монтери-почетници ќе ги стекнат потребните теоретски и практични знаења.
1. Историјат на сателитската телевизија
2. Основен принцип на сателитската телевизија
3. Телевизиски сателити
4. Особини на сателитските сигнали
5. Елементи на систем за сателитски прием
6. Сателитски антени
7. Антенски носачи
8. Малошумен конвертор
9. Критериуми за квалитет на прием
10. Анализа и проектирање на сателитски приемен систем
11. Поставување на сателитските антени
12. Сателитски приемник
13. Опрема за сателитски прием кај нас
На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со сите потребни информации, а купувањето е овозможено преку нашата е-продавница (www.emiter.mk) во менито “Книги и брошури“ (https://emiter.mk/Content.aspx?idMenu=6). Книгите и брошурите се претставени со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).