Рубрика: Електроника
Автоматски прекинувач за осветлувањето со предупредување при гасење
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На некои места во станбените згради, на пример на скалите, актуелно е автоматско исклучување на осветлувањето, но, понекогаш се случува тоа да згасне додека некој корисник сè уште се наоѓа на скалите, па во таков случај тој треба во темница да бара тастер по ѕидот за повторно да го вклучи осветлувањето. Решението го нуди електронскиот склоп којшто ви го предлагаме во овој напис, кој за разлика од вообичаените автомати, пред да го исклучи осветлувањето тој го намалува неговиот интензитет како предупредување дека тоа ќе биде исклучено, па во тој преоден интервал корисникот може лесно да го најде најблискиот тастер за да го рестартира осветлувањето, без да пипка по ѕидот во темница.

Честопати се случува осветлувањето на скалите на некој станбен блок да треба да се рестартира поради подолго задржување на скалите (позабавено движење по нив). Меѓутоа, кога тоа ќе згасне, прилично е тешко во темница да се пипка по ѕидот, барајќи го најблискиот тастер за повторно активирање на осветлувањето. Решението го нуди склопот опишан во овој напис. Имено, тој функционира така што пред да го исклучи осветлувањето, испраќа предупредување преку намалување на интензитетот на осветлувањето, па корисникот може да го реактивира склопот со притискање на најблискиот тастер, без да пипка по ѕидот во темница, бидејќи предупредувачкото осветлување сè уште ќе биде доволно силно. Времето на траење на осветлувањето може да се регулира во опсег од 20 секунди до 2 минути, преку тример-потенциометар, којшто може да се избаждари во тој опсег. Склопот има мали димензии и може да се смести во обична пластична кутија, која се прицврстува на некое погодно место на ѕидот на скалиштето.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1413
ИК: LM311; Тријак: TLC226
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.