Рубрика: Електроника
Генератор на правоаголни импулси од 0,24 до 1000KHz
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Добар генератор на правоаголни импулси не се сретнува често по аматерските работилници од причина што е скап и за купување и за самоградба, а не е толку неопходен како што е, на пример, еден променлив DC извор на напон, што е класика. Сепак, генераторот на правоаголни импулси му е потребен на секој оној што сака да експериментира со дигитални кола, прекинувачки напојувања, регулатори на мотори и слично. Генераторот опишан во овој текст користи компјутер но затоа е добар, евтин и, што е најважно, многу лесен за изработка. Овој викенд-проект ќе ја збогати вашата работна маса со вреден уред за вашите експерименти.

Добар генератор на правоаголни импулси треба да има широк опсег на нагодување на периодата и времетраењето на импулсот, односно Duty Cycle. Не е проблем да се изработи генератор на правоаголни импулси за фиксна фреквенција или фреквенција која се менува во мали граници и фиксно времетраење на импулсот. Еден тајмер (на пример, популарната 555-ка), неколку пасивни елементи, еден потенциометар и готово. Проблем е кога треба да се менува фреквенцијата во широки граници. Тогаш ќе треба да се употреби преклопник кој ќе поврзува повеќе кондензатори на 555-ката. Потоа, за да знаеме колкава е периодата/фреквенцијата и должината на импулсот/DC, ќе треба да изработиме и коло за мерење на периодата/фреквенцијата со дисплеи, па сето ова да се смести во кутија и... сè уште немаме нагодување на времетраењето на импулсот. Како што забележавте, уште сме на ниво на идеја на проектот, а веќе мошне скапо нè чини. Од друга страна, пак, компјутерот станува неопходен дел од електроничарската работилница. Во компјутерот чуваме шеми од различни уреди, по интернет пребаруваме каталошки податоци (популарно datasheet) за различни интегрирани кола или елементи со кои се сретнуваме, го користиме за цртање шеми и ППК на нашите сопствени креации; печатиме на глоси-хартија за тонер-трансфер постапката или, пак, едноставно ''висиме'' на социјалните мрежи кога нешто не ни оди електрониката. Тоа може да биде и некој постар компјутер кој повеќе би вредел во работилницата отколку да го продадеме за малку пари на оглас.
Идејата беше сите оние преклопници, потенциометри и дисплеи со кои се управува генераторот да не бидат физички, туку тоа да биде софтверски контролен панел-прозорец односно windows програма која ќе го направи PC-то контролен панел на генераторот на импулси, а самото PC да се поврзе со уредот кој го генерира сигналот преку сериската порта. Така би се заштедило многу на хардвер и на време за изработка на уредот, а сепак би добиле прецизен генератор на импулси со широк опсег на промена на фреквенцијата (периодата) и времетраењето на импулсот (Duty Cycle) на сигналот. Овој генератор на импулси генерира импулси со периода од 1 µs до 4,096 ms, односно фреквенција од 244 Hz до 1000 KHz и должина на импулсот од 0 до 4,096 ms. Импулсите се со TTL напонско ниво логичка нула 0 V и логичка единица +5 V. Излезот на генераторот може да даде струја до 20 mA.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1319
Печатена плочка: ППК1319
Печатена плочка: ППК1319

ИК: PIC18F1320, MAX232, 74LS474A, 74L500

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Главниот прозорец на PC-програмата за генераторот на импулси

Прозорецот PWM opcii на PC-програмата за генераторот на импулси


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.