Рубрика: Електроника
Адаптер за скајп телефон
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Заборавете на заморните разговори на скајп со жичаниот сет слушалки и микрофон. Изградете едноставен електронски уред кој претставува интерфејс на вашиот компјутер кон домашниот безжичен телефон. Уредот се состои од само 3 отпорника, два кондензатора и една батерија, а ќе ви обезбеди поголем комфор, подвижност и автономија во текот на разговорот.

Најпопуларен софтвер за гласовна (voice) комуникација е скајпот (skype). Гласовната комуникација помеѓу два компјутера се врши со помош на микрофон (вграден во лаптоп компјутерите или надворешен во десктоп компјутерите) и звучници (вградени, екстерни или во вид на комбинација со микрофон т.н. headset комбинација). Ваквиот вид на претворувачи на звучните бранови во електрични сигнали и обратно, кои се во физичка врска со компјутерот, не ни даваат слобода на движењето во текот на разговорот. Постојат комерцијални уреди кои го обезбедуваат тоа, т.н. наречени скајп телефони или bluetooth комбинации со слушалки и микрофон кои го обезбедуваат тоа. Ако имате дома безжичен телефонски апарат, нема потреба од дополнителна инвестиција за скајп телефон или друг вид на безжичен скајп комуникатор, туку едноставно изградете го сами.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1035
ИК:
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.