Уводник

Почитувани читатели,
Пред вас е новиот, повратнички број на ЕМИТЕР. По нешто повеќе од една и половина година, пак сме заедно. Овој пат се надеваме дека нашата дружба нема да биде попречувана од негативните финансиски биланси.


Астрономија и астронаутика

Сензационално откритие, можеби најголемо во последните столетија: екстрасоларна “Земја” во орбитата околу ѕвезда што е најблиска до нас по Сонцето!


Електроника

Покрај сите безбедносни и функционални стандарди што треба да ги исполнуваат поновите генерации на возила кои сообраќаат низ целиот свет треба да обезбедат и унифициран интерфејс за дијагностика и следење на состојбата на возилата.


Електроника

Логичката сонда е уред кој се користи во проектирањето на логички склопови и микроконтролерски системи. Класичната логичка сонда го покажува статичкото логичко ниво. Тоа е ниво кое определено време е постојано и не се менува, така што човекот може да го воочи како такво. Но, освен ваквите сигнали, во логичките склопови честопати се јавуваат состојби коишто се толку кратки, што човекот не може да ги забележи преку оваа сонда поради природата на окото и самата перцепција.


Архитектура и градежништво

Од местоположбата на топлинската изолација во некоја градежна конструкција, во голема мера зависи енергетската ефикасност на конструкцијата и, генерално, на целата зграда, во зависност и од останатите конструкции во нејзиниот состав. Од градежно-физички аспект, единственото правилно место на изолацијата е од надворешната страна на конструкцијата. Кога станува збор за надворешните фасадни ѕидови, главно постојат два система: вентилиран и компактен.


Столарство

Второ продолжение од серијалот за изработка на електрична гитара - во овој дел ќе се осврнеме на изработка на вратот и негово спојување со гитарата.


Омнибус

Во рамките на саемот ТЕХНОМА 2016, по 37. пат се одржа МАКИНОВА – годишна изложба на пронајдоци, иновации, нови производи, индустриски дизајн и младинско творештво. Придружна изложба е ЕКОНОВА, 14. по ред годишна изложба на иновации и пронајдоци насочени кон подобрување на животната средина. МАКИНОВА и ЕКОНОВА секоја година ги организира СПАТУМ – Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, во соработка со Народна техника на Македонија.


Автомобилска техника

Свеќичките се толку едноставни, а истовремено толку таинствени и необични. Впрочем, сè кај нив е необично, загадочно, несекојдневно. Многу тајни крие свеќичката. Една од нив е нивниот основен параметар, наречен топлотна вредност, кој е тема на овој напис. Интересни моменти ќе споделам со вас, драги читатели, кои се однесуваат на свеќичките кај автомобилските мотори – некои од нив познати, а другите помалку познати.


Астрономија и астронаутика

Еднаш во околу сто години, супернова ќе експлодира во некоја галаксија и по неколку недели нејзиниот сјај ќе замре. Суперновите се многу ретки феномени во вселената и поради нивната минлива природа, астрономите тешко ги наоѓале во минатото. Пред 30 години, биле откривани околу две супернови месечно. Денес, ние наоѓаме супернови секојдневно. Но, овие супернови се наоѓаат типично на околу милијарда светлосни години, а тие уште подалечните, сè уште се во ограничен број.


Аудио и видеотехника

Запознајте се со најновите достигнувања во областа на продукцијата, прочитајте кои се новите видеостандарди и дознајте ги најновите производи на реномираните производители во видео и аудиопродукцијата, презентирани во Амстердам, на IBC 2016.


Аудио и видеотехника

Продолжуваме со нашата мисија за подобрување на некогаш многу популарните звучници на нашиве простори. Во ова продолжение, ќе направам драматично подобрување на звучниците RIZ Elak ZK 110 кои доаѓаа во комплет со грамофонот RIZ Tosca, а исто така и на звучниците Ei ZK 40 кои доаѓаа во коплет со ресиверот Ei HSR 48.


Електроника

Тврдата вода како директен причинител за создавање бигор е најголемиот непријател на електричните уреди во домаќинството, повеќекратно скратувајќи им го животниот век. Затоа ви предлагам да го изработите овој уред со цел да се намали можноста калциумовите, магнезиумовите и другите јони присутни во водата, да се таложат и да формираат бигор. Едноставен за монтажа и евтин при експлатацијата, овој уред претставува интересна алтернатива на хемиските адитиви кои се користат за оваа намена.


Електроника

Сте сакале ли некогаш да снимите некоја звучна содржина во вашиот компјутер а сте биле спречени да го сторите тоа поради слабиот квалитет или високото ниво на шум на вашиот микрофон? Сте сакале ли некогаш да организирате “домашно караоке” а не сте го сториле тоа бидејќи не сте можеле да приклучите микрофон на вашиот hi-fi систем? Ако е така, изработете го овој предзасилувач и приклучете го вашиот професионален микрофон на комјутерот или hi-fi системот!


Информатика

Како се внесуваат податоци во база? Како се креираат табели во MySQL и се користат искази за пребарување низ базата?


Информатика

Компјутерот не “пали од прва”? Спонтано се рестартира? BSOD? Вентилаторите вртат, но нема слика? Мемориски грешки? Некој ќе се посомнева на вирус… оправдано. Да, некои од наведените симптоми и наликуваат на “вирусна инфекција” на оперативниот систем. Но, сепак, отворете го куќиштето и погледнете внатре…


Информатика

Веќе неизбежниот Фејсбук, од сервис за дружење и комуникација, но и начин за пронаоѓање личности со кои бил загубен секаков контакт со текот на времето, во огромна мера им кумува на одредени девијантни појави чија експанзија добива алармантни размери! Како? Ќе видите во продолжението на текстов, наменет ДА УКАЖЕ И ДА ПРЕДУПРЕДИ НА ОПАСНОСТИТЕ И КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ!


Металство и машинство

При одржување трки со автомобили, честопати, мора брзо да се подигне возилото поради замена на пневматиците поради нивната истрошеност или поради несоодветни на променетите услови на пистата (дожд, влага, сонце и сл.) или, поради некаква интервенција. Притоа, како сериозен проблем се поставува брзото и сигурно подигање на возилото. Да се обидеме, користејќи ја во целост досега научената методска постапка, да конципираме технички производ врз основа на забележаниот проблем.


На граница на науката

Познато ни е дека молњите се електрично празнење помеѓу различно наелектризирани облаци или помеѓу некој облак и земјата, и дека вообичаената слика на молњата наликува на краткотраен блесок во облик на искршена линија. Меѓутоа, во некои случаи се појавуваат посебен тип молњи со чуден, топчест облик (топчеста молња), кои имаат подолго времетраење од неколку секунди, време во кое огнената топка “шета” во просторот натаму-наваму сè додека не исчезне.


Телекомуникации

Во овој труд ќе бидат презентирани клучните компоненти за следната генерација 5G мобилни мрежи. Наведените карактеристики се базираат на концептот user-centric во хетерогени безжични мрежи. Наведените механизми се применуваат во транспортната рамнина, во согласност со мрежите засновани на Next Generation Network all-IP.


Омнибус

Нобеловата награда се доделува за животно дело, за одредено важно практично откритие или пак за исклучителен придонес во одредена област. Сепак, како и доделувањето на многу други награди за научни и општествени постигнувања, контроверзиите околу доделувањето на нобеловите награди се исто така присутни. Во овој прилог на ЕМИТЕР ќе откриеме некои контроверзни ситуации во кои одредени кандидати за Нобелова награда не биле избрани, или пак, каде што Нобеловата награда била прерано доделена.


Аеронаутика

Од идејата на О.К. Антонов во октомври 1940 година до конечната реализација изминале 7 години. Таа била реализирана на 31. август 1947 година кога се остварил првиот лет на пробниот пилот П.Н. Володин. Па некако од тој датум започнува победоносниот лет на овој грд двокрилец (Кукурузник – Пченкарник), кој се закити со слава на најпроизведуван авион со вкупно 18 000 авиони и користен за најразлични намени, вклучувајќи и воени дејствија.


Астрономија и астронаутика

Откривањето на Хигсовиот бозон (“Божјата честичка”), освен што го објасни потеклото на масата на материјата, поттикна и појава на хипотеза којашто нуди објаснување за една од најголемите мистерии во астрофизиката: отсуството на антиматеријата во универумот што е познат денес.


Електроника

Ако сакате да изградите едноставен, минијатурен и комплетно интегриран полнач за единечна литијум-јонска батерија, вие сте на вистинското место. Полначот е составен од само едно SMD интегрално коло и неколку придружни електронски компоненти, а поседува голема напонска стабилност и прецизност (± 1%) при голем температурен дијапазон на експлоатација (- 40 до +85°C).


Енергетика

Во електроцентралите без разлика, за каков тип на централа се работи, дали е тоа термо или нуклеарна централа, добиената топлинска енергија се користи за добивање водена пареа, која понатаму со турбина се претвора во механичка енергија за придвижување на генератор и производство на електрична енергија.


Информатика

Foundation е бесплатна колекција на алатки за создавање веб-страници и веб-апликации. Тоа содржи шаблони за дизајн на типографија засновани на HTML и CSS-, формули, копчиња, навигација и други интерфејс-компоненти, како и дополнителни JavaScript проширувања. Ова е модерна рамка којашто е добро изградена и која се грижи за широк спектар на корисници.


Информатика

Секојдневно користиме апликации кои што своите вредности ги зачувуваат и по нивното исклучување. Во овој текст ќе видиме еден од можните начини за постигнување на тоа. Доколку сте програмер, ќе можете да ја искористите идејата во Вашиот следен проект, додека пак читателите кои се корисници на вакви апликации, а не се занимаваат со програмирање, ќе имаат можност да се запознаат со проблемите и секојдневието на програмерите :).


Медицина

Витамините се есенцијални хранливи материи од суштинско значење за нормалното функционирање на целиот човечки организам. Секој од нив има своја одредена функција, а недостатокот од витамините може да има негативно влијание врз секој, па дури и на најмалиот орган во нашето тело. Тие се незаменливи борци што го чуваат и зајакнуваат имунолошкиот систем.


Омнибус

Трициклот на Јамаха;
Маглината “Веил” е остаток од супернова;
Преносен блутут звучник Cambridge Audio G5;
Миле Секуловски – Z31JY, најстариот радиоаматер во Македонија;
Кина го пушти во работа најголемиот радиотелескоп во светот;
Термовентил (мајсторски речник);
Нова техника за производство на чипови;
Бродските елиси на Berg Propulsion;
Нова голема надградба на Windows 10;
Радиоаматерски активности од интересни локации;


Писма
Засилувач за звучници Panasonic SB-AK210
Неисправен потенциометар во засилувач YAMAHA A970
Инвертор за пумпа за централно греење
Збирен преглед на соржините на ЕМИТЕР за полесно пребарување
Сакам да направам гитарски засилувач