Рубрика: Астрономија и астронаутика
Екстрасоларна “Земја” откриена во нашето најблиско соседство!
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сензационално откритие, можеби најголемо во последните столетија: екстрасоларна “Земја” во орбитата околу ѕвезда што е најблиска до нас по Сонцето!

Одговорот на прашањето дали сме сами во универзумот е еден од поголемите предизвици за современата наука, па во последната деценија таа ја интензивира потрагата по екстрасоларни планети во нашата галаксија со услови за живот слични како на нашата Земја. Во таа насока беше реализирана мисијата Кеплер, со задача да трага по карпести егзопланети од типот Земја. Мисијата започна во март 2009 год. со лансирањето орбитер кој го скенираше нај-блискиот дел од небото со примена на т.н. транзитна метода (детектирање на придушувањето на сјајот од некоја ѕвезда кога пред неа поминува планета). Потоа, со екстраполација на тој парцијален наод, пресметан е вкупниот број на планети од типот Земја во нашата галаксија. За оваа мисија опширно пишувавме во 4 продолженија во 4 последователни броја на ЕМИТЕР: бр 8-9/14; бр. 10/14; бр 11-12/14 и бр. 1-2/15, па да се потсетиме на резултатот: “во нашата галаксија Млечен пат постојат вкупно 9 милијарди планети од типот екстра Земја со услови за живот”. Но, сега следува најбитното: наведениот наод од мисијата “Кеплер” се однесува исклучиво на планети што орбитираат околу ѕвезди од типот на нашето Сонце. Меѓутоа, во најново време, една меѓународна екипа од триесетина космолози, истражувачи од стационарната опсерваторија Силла во Чиле, откри планета од типот екстрасоларна Земја во орбитата околу ѕвезда којашто не е од типот на нашето Сонце, туку припаѓа на типот ѕвезди т.н. “црвени џуџиња”, најбројната популација ѕвезди во нашата галаксија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.