Рубрика: Електроника
Предзасилувач за професионален микрофон
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сте сакале ли некогаш да снимите некоја звучна содржина во вашиот компјутер а сте биле спречени да го сторите тоа поради слабиот квалитет или високото ниво на шум на вашиот микрофон? Сте сакале ли некогаш да организирате “домашно караоке” а не сте го сториле тоа бидејќи не сте можеле да приклучите микрофон на вашиот hi-fi систем? Ако е така, изработете го овој предзасилувач и приклучете го вашиот професионален микрофон на комјутерот или hi-fi системот!

Како да живееме во векот на сликата. Нашите смартфони, таблети и лаптопи се опремени со моќни камери подготвени да пренесат слика на сцени од најтемното катче на нашата планета до другиот, најсветлиот крај на светот. А што е со звукот? Тајните на звукот како да сме ги совладале во минатиот век, па некако не се предмет од интерес во денешни денови. Така, микрофоните во нашите дигитални уреди собираат неверојатно големо количество шум од околината, а нивните предзасилувачи додаваат уште толку! Засилувачите и звучниците на овие уреди, од своја страна, создаваат толкаво ниво на изобличување, што ниту најмоќната дигитална обработка не може ништо да стори!
А што можеме ние да сториме? Многу, и тоа само со примена на познати и проверени решенија. А зошто тоа не го прави индустријата би прашале? Едноставно, индустријата не е расположена да ја приближи електрониката за широка потрошувачка со професионалната електроника бидејќи таа носи висок профит којшто многумина сметаат дека би се изгубил ако се приближат стандардите на овие две бранши. Ете затоа, уред како нашиот, еден едноставен и често користен предзасилувач за професионални микрофони, може повеќекратно да го зголеми квалитетот на снимениот звук, и тоа за неверојатно малку пари, само за неколку стотини денари!

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1601
Печатена плочка: ППК1601

ИК: NE5532P

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.