Емитер 3/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Компјутерите денес се дел од нашиот секојдневен живот. Не ги користиме само за пишување документи, туку и за слушање музика, гледање телевизија, гледање филмови итн. Постојат многу едноставни, но добри програми кои ни го овозможуваат тоа. Нивниот недостаток е отсуството на далечинска контрола. Во овој напис ќе ви прикажеме уред што ќе ви овозможи да го контролирате вашиот компјутер преку стандарден инфрацрвен далечински управувач.
Овој уред ќе ви ги скрати маките од постојано кликнување со глувчето и притискање на копчињата од тастатурата. Кога ќе сакате да го стартувате музичкото ЦД или да ја пуштите повторно вашата омилена песна, нема да мора да станувате од фотелја, туку ќе го искористите инфрацрвениот далечински управувач од вашиот ТВ - приемник или од некој друг уред.
Целокупниот проект е составен од хардверски и софтверски дел. Хардверскиот дел го сочинува уредот кој ќе го опишеме, т.е. приемникот, а софтверскиот дел е програма инсталирана во персоналниот компјутер која може да комуницира со приемникот и врз основа на добиена наредба од него да изврши одредена операција. Приемникот се приклучува на УСБ (USB) порта на компјутерот. Конструктор на уредот е Игор Чешко (Igor Cesko). Уредот е многу популарен и масовно се применува, а Игор љубезно ги даде сите информации за проектот кој ќе го прикажеме во понатамошниот текст.
Изглед на инфрацрвениот приемник TSOP 17xx
Приемникот има задача е да го прими инфрацрвениот сигнал од далечинскиот управувач, да ја демодулира информацијата, односно наредбата што е модулирана во него и неа да ја предаде на компјутерот. За комуникација помеѓу приемникот и компјутерот се користи УСБ протокол. Иако на прв поглед изгледаат едноставно, сепак наведените операции кои ги врши приемникот се сложени.
Проектот што го опишуваме е дизајниран за употреба со програмата “Гирдер” (Girder). Таа програма е една од најприменуваните за далечинска контрола на персонален компјутер. Со помош на оваа програма може да го исклучите вашиот компјутер, да стартувате некој диск, да повикате некоја програма или да извршите наредба од некоја програма. Гирдер може да пишува наместо вас, да кликнува наместо вас, да го движи глувчето, да прима наредби од Интернет итн. Што е најбитно, сето тоа го правите без да се доближите до компјутерот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.