Емитер 5/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Шмитовите кола се дискретни или интегрирани електронски кола карактеристични по тоа што бавните промени на влезниот сигнал ги претвораат во брзи дигитални промени на логичкото ниво на излезот. Значајно својство на шмитовите кола е и постоењето на хистерезис на влезниот напон. Поради овие особини шмитовите кола се користи во многубројни апликации како што се: вообличување на брановите облици, подобрување на стрмнината на предниот и задниот раб на импулсите, аналогно-дигитална конверзија, кола за доцнење, осцилатори, допирни тастери и прекинувачи и др. Сето ова е тема на написот што следи.
Благодарејќи на хистерезисната карактеристика, шмитовите кола извонредно ги елиминираат пречките суперпонирани на влезниот сигнал.
Напонот на хистерезис најчесто е функција од напонот на напојување. Кај интегрираните кола од еден ист производител, тој варира од коло до коло, но е ист за сите логички кола во рамките на едно интегрирано коло. Таму каде што точниот износ на напонот на хистерезис е од значење, прецизните вредности на горниот и долниот праг на префрлување, може да се дефинираат со помош на надворешни елементи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.