Рубрика: Електроника
Симулатор на присутност за заштита од кражба
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Системите за заштита од провала во станбен простор се засновани воглавно на алармно сигнализирање при насилно отворање на влезната врата, но, во случај на ваше подолго отсуство, на пример, поради користење на годишен одмор, обиената врата би останала отворена. Решение? Една стара изрека вели: “подобро е да се спречи, отколку да се лечи”, па решението би било употреба на систем што симулира “присуство” на станари во празен стан, така што што ќе вклучува осветлување во ноќните часови во некоја од просториите, и на тој начин насилниците ќе ги одвраќа од нивната намера да провалат во станот, сметајќи дека тој не е празен. Таков склоп, “симулатор на присутност”, можете самите да изградите според упатствата дадени во овој напис.

Провалите и кражбите во станови се случуваат најчесто во време на годишните одмори, кога станот е подолго време празен, што се препознава од надвор по тоа што повеќе ноќи по ред станот не е осветлен. Тоа за провалниците, кои ноќе ги надгледуваат становите од надвор, е показател дека тој е празен, и според тоа, е погоден за провала и кражба. Заштита ви нуди електронскиот склоп т.н. “Симулатор на присутност”, којшто во ноќните часови автоматски вклучува осветлување во некоја од просториите во станот, симулирајќи на тој начин присуство на станари во станот.
Симулаторот на присуство е, всушност, електронски прекинувач, приклучен паралелно на некој механички прекинувач за активирање на електрично осветлување во некоја од просториите во станот, најпогодно во просторијата за дневен престој. Улогата на преклопник на симулаторот ја има полуспро-водникот “тријак”, кој што во време на дневна светлина електрониката на склопот го држи во режим на неспроводливост (исклучено), а во ноќните часови го префрлува во режим на спроводливост (вклучено), и на тој начин го “шентира” механичкиот прекинувач на којшто е паралелно приклучен, вклучувајќи го така електричното осветлување во таа просторија. Периодот и времетраењето на осветлувањето може да се регулираат според желба.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1420

Тријак: BTA08;
ИК: CD4001, CD4060

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.