Рубрика: Електроника
ФМ-радиоприемник со ламби (1)
Автори: Петар Лагудин, Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис за првпат објавуваме конструкција на ФМ-радиоприемник со ламби, во неговата првобитна изведба, кога се појавил овој тип радиоприемници. За таков ФМ-приемник се одлучивме поради неговата технички многу интересна конструкција, која со само една ламба, двојна триода, ги обезбедува сите функции нужни за суперхетеродински тип ФМ-радиоприемник: локален осцилатор, миксер, МФ-засилувач и ФМ-демодулатор. Во овој, прв дел од написот ќе го презентираме тјунерскиот степен и напојувањето.

Првите ФМ радиоприемници за УКБ радиодифузното подрачје се појавиле во 40-тите години од минатиот век. Тоа биле т.н. "супер-реакциски приемници" (super-reaction receivers), карактеристични по нивната јака позитивна повратна спрега во влезниот степен, нагодена на фреквенција на предавателот чијашто програма сакаме да ја следиме. Конструкција на еден таков тип ФМ радиоприемник објавивме во ЕМИТЕР бр. 6/13: "Наједноставен ФМ-радиопиемник", во 2 верзии: едната како ФМ-тјунер за приклучок на постоечки НФ-засилувач, другата како комплетен ФМ-радиоприемник со репродукција на сопствен звучник.
Меѓутоа, јаката позитивна повратна спрега кај овој тип радиоприемници, неопходна за да се постигне максимална влезна осетливост, нив ги држи во режим на работа чијашто работна точка е многу блиску до точката на појава на несакани самоосцилации, па таквиот работен режим нив ги прави нестабилни поради перманентната опасност од појава на несакани самоосцилации. Оваа опасност е остранета кај супер-регенеративните ФМ-радиоприемници од типот наречен "фремодин" (fremodyne), којшто е тема на овој напис.
Супер-регенеративниот приемник е пронајдок на Едвин Армстронг (Edwin Armstrong) од 1922 година, а овој принцип на работа кај ФМ-радиоприемниците прва го воведува фирмата Hazeltine Corporation од САД во 1947 година. Од нив потекнува и називот фремодин со кој сакале да потенцираат дека станува збор за ФМ-приемник (FreModyne = Frequency Modulation + dyne како суфикс). Во 40-тите, 50-тите и 60-тите години на минатиот век масовно се произведувани ФМ-радиоприемници од овој тип, бидејќи со тој концепт било можно да се постигне најниска цена.
Токму затоа, кога во Редакцијата ја разгледувавме идејата да направиме и објавиме проект за самоградба на ФМ-радиоприемник со ламби, се одлучивме за тој проеверен и евтин концепт и тоа таков, каков што тој бил во неговата првобитна конструкција. Ова значи дека тјунерот ќе биде реализиран со една двојна триода (ECC81), а излезниот засилувач со една ламба PCL86. Тјунерот и напојувањето ќе бидат презентирани во овој напис, а две верзии на лампашки излезен засилувач во наредните броеви. Конечно, целиот проект планираме да го вградиме во дрвена кутија, налик на старите радија со ламби од пред 50-70 години.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1321
Печатена плочка: ППК1322

Електронска ламба: ECC81;
Променлив кондензатор: 2 x 2...15pF;
Трансформатор: 230V /230V /20VA

 
Клучни зборови:

Прототипот на ФМ-тјунерот со ECC81

Прототипот на ФМ-тјунерот со ECC81 со напојувачкиот степен

Напојувачкиот степен за ФМ-радио-приемникот со ECC81

Момент од нагодувањето на ФМ-тјунерот со ECC81


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.