Рубрика: Астрономија и астронаутика
Шестте најголеми енигми на универзумот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Астрономите и физичарите за елементарни честички, иако работат секој во својата сфера, во одредена проблематика се во меѓусебна тесна поврзаност. Таква една проблематика е природата на универзумот, која во себе крие 6 големи енигми: темната материја, темната енергија, космичкото зрачење, гравитацијата, екстрадимензиите и стартот на универзумот.

Замислете два вида научници кои работат на ист универзитет, но на различни полиња: едните студираат огромни вселенски објекти далеку од Земјата, а другите студираат мали фундаментални честички од пред нивниот нос. Првите градат колку е можно поголеми телескопи за досег до најоддалечени небески објекти, а другите градат колку е можно посилни акцелератори, како "микроскопи" со висока резолуција, за досег до најситните елементарни честички. Тоа го прават со надеж дека ќе откријат нешто до сега невидено, битно за конечно обединување на четирите основни сили: електромагнетната, слабата нуклеарна сила, јаката нуклеарна сила и гравитацијата. Највеличенствениот обединувач до сега, Алберт Ајнштајн, ги поврзал заедно материјата со енергијата и просторот со времето, но никој досега не успеал да го поврзе минијатурниот свет на квантната механика со огромниот свет на универзумот! Патот кон тоа поврзување води преку решавање на 6-те најголеми енигми на универзумот, кои се попречиле на тој пат! Па, да започнеме по ред!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.