Рубрика: Информатика
Свеж ветар во средната класа
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ништо не трае вечно, особено не убавото. Во AMD се свесни за тоа, и година дена по појавувањето на Radeon HD 5000 серијата пред нас е новата, шестата HD генерација. Дали инженерите на AMD рационално ја искористија годината што измина?

Според непишано правило, пролетта е период кога Nvidia претставува нов производ, додека есента е резервирана за AMD. Така е и оваа есен – AMD ја претстави шестата Radeon HD генерација од која се очекува да овозможи враќање на тронот. Но, дали е баш така?
Премиерните два модела носат ознаки Radeon HD 6850 и 6870. Согласно со вообичаената номенклатура на овој производител, x830/x850/x870 ознаките асоцираат на картички од највисоката категорија. Очигледно во AMD ја менуваат тактиката. Спротивно на ознаките и традицијата, овие два модела не се предвидени да конкурираат на топ-моделите на Nvidia, GTX 470/480 – целната категорија им е хит-моделот GTX 460.
Изненадување? Прилично. Ценовната политика и архитектурата на новиот графички процесор објаснуваат зошто е тоа така. Со намалувањето на цената на GTX 470, Nvidia доби картичка која е во иста ценовна категорија со HD 6870 (260$ наспроти 240$ на 6870 на странскиот пазар), но има повисоки перформанси кои ја оправдуваат разликата во цената. Од друга страна, намалени се и цените на GTX 460 (200$ за моделот со 1 GB и 170$ за моделот со 768 MB GDDR5 меморија). HD 6850 чини 180$. За да добиете идеја за цените кај нас, односот е безмалку колку долари толку евра – впрочем, погледнете ги online ценовниците на нашите фирми. Покрај ова, тука е и оверклокуваната верзија на GTX 460, и станува јасно позиционирањето на моделите.
Зошто AMD остана недоследен во поглед на означувањето на картичките? Одговорот најверојатно ќе го добиеме во текот на останативе два месеци од годинава кога AMD ќе ги претстави и картичките од високата категорија, а кои, според најавите, ќе носат ознаки 69xx.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.