Рубрика: Информатика
Компјутерски вируси
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Компјутерските вируси претставуваат програми кои се креирани најчесто со лоши намери. Терминот "вирус" неслучајно се користи во информатичката терминологија, притоа посочувајќи токму на овие апликации и покрај тоа што оваа асоцијација е само симболична и нема ништо заедничко со биолошките вируси. Компјутерските вируси се однесуваат слично како и биолошките (размножувајќи се, можат да бидат прикриени и да се активираат во одреден момент, тешко се откриваат, некои дури можат и да мутираат и слично), па оттука и името вирус. Во овој како и во наредните написи, ќе зборуваме за нив и ќе се потрудиме да ве запознаеме со начинот на нивната работа, како и со начинот на кој можете да се заштитите од дигиталните верзии на биолошките вируси. Исто така ќе ги споменеме и останатите програми напишани со цел да направат некаква штета а не спаѓаат во групата на вирусите, како што се т.н. црви, тројанци и временски бомби.

Компјутерските вируси претставуваат технолошки вандализам од висок степен. Вирусот има способност да се копира и да се размножува многу пати пред да биде откриено неговото присуство. Тој претставува апликација која се активира и ги исполнува компјутерските ресурси, без знаење и без одобрување од корисникот. Работи на таков принцип што бара други апликации и истите ги “инфицира”, со тоа што прави своја копија во изворниот код на другата апликација. Како резултат на тоа доаѓа до модификација на основната програма, бидејќи вирусот има додадено дел од својот програмски код. Синтаксата на изворниот код кој е додаден на некоја датотека (најчесто извршна) изгледа вака:

• почеток на вирусот,
• наредби за копирање на вирусот во други датотеки,

• наредби за активирање на вирусот,
• крај на програмата.

Кога оваа апликација ќе се стартува, се стартува и вградениот вирус, по што започнува да се шири “инфекцијата”, поточно додавањето на програмски код во изворниот код на други датотеки кои можат да се најдат на тврдиот диск. Сето ова се случува без какви било споредни ефекти, така што корисникот не може да забележи никакви промени, бидејќи истите ги нема.

Вирусот обично се шири незабележително и на заразената апликација £ овозможува да работи нормално. Меѓутоа, по извесно време тој започнува со работа, притоа прикажувајќи провокативни пораки или, пак, стартувајќи непристојни анимации. Одредени вируси можат да бидат причинители и на непоправливи штети, како што се бришење на некои кориснички датотеки, а во некои случаи и бришење на целата содржина на дискот. Во овој напис ве запознаваме со начинот на којшто вирусите работат, каде напаѓаат, кои се главните типови на вируси, но и останатите штетни програми.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.