Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откриена монументална глава од статуа стара 3000 години;

Планетата Mеркур одново на мета за истражување;

Научниците откриле начин за претворба на CO2 во етанол;

Астрономите решиле 30 год. стара енигма поврзана со црните дупки;

Мистеријата на сатурновата месечина Jапетус;

Како да се кочи пред успорувачи на брзина;

Расте бројот на откриените егзопланети со услови за живот;

Фини производи на тешката индустрија;

Мисијата Касини-Хајгенс стаса до нејзиниот крај;

Иновативни велосипедски гуми;

Најнова студија ја поддржува идејата за холографски универзум?;

Новиот волво в90;

Откриена петта елементарна сила?;

Галактичкото јато Абел 370 во улога на гравитациска леќа;

Фини производи на тешката индустрија

Тешката индустрија е подлогата, темелот за природно развиено стопанство на една држава или еден регион. Тоа е факт кој се подразбира сам од себе – не може да се замисли машиноградба без тешката индустрија како нејзин основен супстрат. Но тешката индустрија може да произведува и фини нешта. Тоа најдобро се гледа од приложената фотографија. На неа е прикажана манипулација при примарно обликување со ковање во калап (алат) на челик за коленесто вратило наменето, веројатно, за мотор СВС од еден средно голем брод. Што можеме да видиме од приложената слика? Би издвоил неколку интересни моменти според моето мислење. 1. Примарното обликување на коленестото вратило единствено рационално и прецизно се врши со ковање во алат (оваа операција не е прикажана на сликата). За слободно ковање не може да стане збор (тоа, за овој случај е како во математиката да се дели со нула). Зошто ковање? За да се задржат (спасат) и притоа да се обликуваат во цик-цак линија силовите влакна на челикот, кои се носители на отпорот од надворешното оптоварување, за да се постигне висока носивост на машинскиот дел. 2. Се гледа дека се работи за многу голема маса, т.е. тежина на работното парче. Тоа само по себе е предизвик со кој се гордее тешката индустрија. Манипулацијата е возможна само со помош на индустриски кранови, кои од нивните оператори управувачи бараат голема вештина. Десетици, па и стотици тони тежина на работните парчиња се во прашање! 3. Големата маса, пропорционално со големата разлика на температурата меѓу коленестото вратило (вжарена состојба) и температурата на околниот амбиент е показател за огромната топлина што е внесена во работното парче за тоа да може без проблеми да се кова (обликува). Импресивна е глетката на вжареното работно парче која е директна асоцијација за огромната топлина што како енергија е содржана во него. Што да се каже за крај? Единствениот рационален заклучок е дека е вистинска среќа и вистински предизвик е да се работи во производствените капацитети на тешката индустрија. И кој вели дека нема елеганција во овој предизвик? Без високата грациозност и елеганција, тешката индустрија ќе беше “мртво слово на хартија” и гола и досадна проформа.

Томе Скендеровски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.