Рубрика: Столарство
Изработка на електрична гитара (1)
Автор: Илија Трајкоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изработка на електрична гитара во три продолженија. Ќе биде објаснет целиот процес: од набавка на материјали преку, чекорите на изработка, па сè до фино нагодување и одржување на гитарата. Намерата на написот е да се даде опис на уметноста и да се спои убавото со практичното. Во овој текст ќе биде опишан процесот на изработка на телото на гитарата.

Телото на гитарата е најдоброто место каде што можеме да ги покажеме нашите уметнички способности. При изработка на предмет којшто служи за практична работа (не е само украс), секогаш имаме одредени ограничувања, како на пример: големина, форма, тежина, лични желби на корисникот на предметот. Сите овие ограничувања ни го дефинираат изборот на модел на гитарата. Иако не постои правило како треба да изгледа телото на гитарата и теоретски може да биде и коцка, постојат одреден број најчесто користени модели, кои или се наследени од традицијата на облиците на акустичните гитари, или од контурите и облиците кошто се покажале како најпрактични за користење, на пример, добро легнуваат на телото на корисникот, во стоечка или во седечка позиција. За целите на овој напис и за мојата гитара, јас избрав еден од најстан-дардните облици, сличен на многу познатите Fender Stratocaster. Пред да изберам облик за гитарата, сакав да изработам некаква резба на телото од гитарата или барем да има некаква невообичаена форма што ќе истакнува дека се работи за рачно изработен модел и ќе се разликува од фабрички изработените гитари. По неколку разговори со гитаристи што користеле повеќе облици на гитари, одлучив да се држам до некој класичен модел. И покрај мојата одлука и моделот што ќе биде опишан во написов, секој си има свој вкус и желби, така сите упатства што ќе ги опишам во текстот ќе бидат генерални и важат за повеќето модели на гитари.

Нацрт (план) за електрична гитара
Нацртот за изработка на прикажаната електрична гитара Highline Envirocaster Dc е дело на Крис Монк (Chris Monck), кој љубезно се одзва на нашата понуда и овозможи овој нацрт да стане достапен за читателите на Емитер, за што сме му особено благодарни. Планот го има во два формата, оригиналниот во реална големина и алтернативен формат разделен на А4 листови. Препорачуваме да го користите оригиналниот во реалната димензија, односно без никакво скалирање да го испечатите на плотер или на соодветен печатач. На веб-страницата на Крис Монк (www.eguitarplans.com) можете да најдете повеќе информации, како и планови за многу типови гитари кои се продаваат по популарна цена од 6 долари.

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.