Рубрика: Електроника
Безвремен проект: миниПОНГ – видеоконзола со играта Понг
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со вградување во повеќе од 500 милиони видеоконзоли и во 65 000 играчки автомати, Понг е првата видеоигра којашто достигна општа популарност. Иако таа за прв пат се појавува со првата комерцијално успешна аркадна машина со видео игри проектирана од Атари во 1972, тоа е всушност играта ТВ-тенис на Ралф Баер – таткото на видеоигрите. Затоа, изработете ја оваа минијатурна видеоконзола и играјте ја ретро играта на сите времиња: Понг.

Навистина, Понг е игра на сите времиња, нејзина реализација може да се најде во безброј варијанти: од решенија со електронски ламби, преку конструкции со стандардни CMOS или TTL логички кола, или легендарните интегрирани кола AY-3-8500 и AY-3-8600, па сè до верзии сочинети од соодветен софтвер за најновите генерации персонални компјутери. Тоа ја одликува нејзината универзалност и ја дефинра како мајка и татко на видеоигрите. Од друга страна, нејзината едноставност ја прави популарна кај сите возрасти: од 7 до 77 години, дури и во денешно време кога имаме неверојатна голема понуда на ова поле и индустрија на видеоигри со приход од 81,5 милијарди долари во 2014! Приход кој е, верувале или не, двојно поголем од оној на филмската индустрија!
Ние со овој проект ќе реализираме една минијатурна варијанта на видеоконзола со помош на 8-битниот микроконтролер на Microchip: PIC12F675. Реализацијата е навистина минималистичка: PIC12F675 доаѓа во пакување DIL8! Откако ќе го изработите овој миниПОНГ предлагаме да изиграте една игра во чест на неговиот изумител Ралф Баер - таткото на видиеоигрите.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1501
Печатена плочка: CHIP151
Печатена плочка: ППК1501
Печатена плочка: CHIP151
Печатена плочка: ППК1501
Печатена плочка: CHIP151
Печатена плочка: ППК1501
Печатена плочка: CHIP151
Печатена плочка: ППК1501
Печатена плочка: CHIP151
Печатена плочка: ППК1501
Печатена плочка: CHIP151

Микроконтролер: PIC12F675
Потенциометри: 10k lin

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Направете современа верзија на легендарната видеоигра Понг

миниПонг-от "во акција"

Изработениот прототип на миниПонг

Изработениот прототип на миниПонг

Изработениот прототип на миниПонг

Во внатрешноста на изработениот прототип на миниПонг

Во внатрешноста на изработениот прототип на миниПонг

миниПонг-от "во акција"


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.