Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Алфанумерички LCD индикатор – дисплеј (1)
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ги среќаваме секаде околу нас, но малкумина се заинтересирале за нивниот состав, начинот на работа и начинот на нивното приклучување. Тоа ќе биде темата на овој напис.

Самото име кажува дека со овој индикатор можат да се прикажат информации составени од букви, бројки и одредени симболи. Многу е широк дијапазонот на нивната примена: од апарати за копирање, факс-машини, ласерски печатачи, преку разни современи апарати во индустријата и домаќинството, до разни рекламни панели, па и во нашите градски автобуси. Содржината на нивното прикажување се одредува со микроконтролерски управувач. Еден од најраспрос-транетите и наједноставните контролери за разбирање е Hitachi HD44780 LCD, и тој ќе биде застапен во натамошниот текст. Тој е составен дел на LCD алфанумеричкиот индикатор. Алфа-нумеричките индикатори во кои е вграден контролер од некој друг производител имаат еднаков распоред на приклучоците и функционираат на еднаков начин.
За разлика од графичките, алфанумеричките LCD индикатори се придржуваат на некои основни правила во однос на видот на влезните сигнали, формата на содржината на прикажувањето и начинот на нивното приклучување.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Распоред на карактерите на ЛЦД-индикаторот – во една линија (горе), во две линии (средина) и во четири линии (долу).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.