Рубрика: Електроника
Микроконтролерите од серијата PIC16F87x (4)
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ова четврто продолжение на серијата написи за микроконтролерите од серијата PIC16F87x е даден краток преглед на асемблерските наредби кои ги поддржуваат овие микроконтролери. Ги има 35 на број и за секоја наредба ќе биде дадено значењето на кратенката, синтаксата и краток опис за нејзиното дејство.

Терминот 'асемблерски' се користи како поим за опишување на наредбите кои потоа директно се претвораат во т.н. машински наредби кои микроконтролерското јадро знае да ги извршува. Станува збор за асемблерска текстуална програма којашто се состои од краток текст кој ја означува наредбата што треба да се изврши, а потоа следат параметрите кои покажуваат над кои вредности или регистри треба да се изведе командата.
Практичното користење на асемблерскиот јазик е присутен во програмирањето уште од појавата на микропроцесорите затоа што во тоа време немало компајлери за вишите програмски јазици. Предностите на асемблерскиот јазик е што ни дава можност за исклучително добро оптимизирање на апликациите и изработка на функции кои се многу оптимални по големина и перформанси. Недостатокот на овој јазик е што со него е релативно тешко да се изработат апликации со голем број на функционалности или изработка на комплексни функции.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.