Електроника

Многумина од корисниците на Windows 7/8 имаат користено или користат desktop widgets. Со помош на овие виџети може да се гледа часот, датумот, моменталната употреба на процесорот, меморијата итн. Меѓутоа, тие имаат еден недостаток. Секој пат кога ќе треба да ја видиме информацијата од виџетот, ние мораме да го погледнеме десктопот. Во овој проект се прави "реален" виџет, кој се поврзува преку USB со компјутерот, а може преку дисплеј да ни прикажува различни информации од компјутерот.


Медицина

Неколкумина наши читатели се обратија до редакцијата на ЕМИТЕР со прашање дали имаме електронска шема за Zapper, едноставен уред кој наводно ги лечи сите можни болести за само неколку минути?! Вчудовиден од ваквите наивни очекувања, направив подетално истражување за потеклото и историјатот на "магичниот" уред Zapper, неговата градба, функционалност и се разбира за најважното прашање – дали може да лекува тешки болести? Резултатот на истражувањето беше предвидлив и очекуван за мене.


Електроника

Во ова продолжение, ќе ја анализираме градбата на соодветно напојување за засилувачите на моќност во класа Д. Градбата на вакво напојување претставува исто така своевиден предизвик кој како прв предуслов бара добро познавање на компонентите што треба да се употребат, па затоа, пред да почнете со совладување на оваа етапа во изградбата на моќни засилувачи во класа Д, ви препорачувам да го прочитате второто продолжение на овој мини-серијал.


Информатика

Еден начин што овозможува информацијата да остане безбедна и да се постигне поголема контрола при нејзин пренос е токму преку креирање на таканаречени виртуелни приватни мрежи (VPN), односно приватна мрежа која ја користи јавната за да поврзе оддалечени страни или корисници заедно. Во досегашниот интернет протокол е успешно применета, но таа треба да се овозможи и во новиот. Да, воспоставена е преку тунелирање, односно IPv4 backbone, но како тоа да се постигне и преку IPv6 backbone?


Астрономија и астронаутика

Трагајќи по "двојник" на Земјата, досега астрономите откриле бројни мали егзопланети, но, сите тие се, сепак, во значајна мера димензиски поголеми од Земјата, па припаѓаат во категоријата т.н. "супер Земја". Меѓутоа, деновиве астрономите објавија дека орбитерот Кеплер детектирал прва егзопланета од типот "Земја", со големина речиси иста колку Земјата, и со орбита во т.н. "животна зона" околу нејзината матична ѕвезда.


Астрономија и астронаутика

Неодамнешното откривање на гравитациските бранови, коешто истовремено значи и потврда на "инфлаторната фаза" во експанзијата на универзумот, ја разгоре дебатата помеѓу физичарите-теоретичари на тема дали инфлаторната фаза претставува поткрепа на концептот за мултиуниверзум, или не. Околу таа тема теоретичарите претходно и онака беа поделени, а сега нивната поделба се продлабочи.


Аудио и видеотехника

Овој најголем светски собир на директори, раководители, трендсетери, истражувачи и дизајнери, гуруа одговорни за создавање напредни алатки потребни за успешно справување со дигиталниот свет во доменот на телевизијата и филмот, се одржа во Лас Вегас од 5 до 10 април 2014. За она што го карактеризираше шоуто NAB2014, прочитајте во текстов. Се разбира дека многу е поубаво да го посетите, но ретки се тие среќници!


Електроника

Љубителите на Hi-Fi репродукција кои изградиле стерео аудиозасилувач според некој од многуте проекти објавени во претходните броеви на ЕМИТЕР, и сакаат да го дополнат својот засилувач со предзасилувачки степен со коректор за ниски и високи фреквенции, решението ќе го најдат во овој напис.


Електротехника

Промената на долно ребресто одводно црево од машина за перење алишта не е некоја тешка операција, но си бара малку вештина и искуство во манипулирањето со гумени елементи како што е цревото. Во текстот кој следува ќе ја објаснам и ќе ја искоментирам оваа постапка. Целта е да ги охрабрам сите оние помалку упатени и неодлучни кои имаат намера и сакаат самите да го променат ова дотраено црево на своите машини за перење, тоа и да го направат.


Енергетика

Во последното продолжение од овој серијал за енергетска ефикасност ќе ја затвориме клучната проблематика – заштеда на електрична енергија. На крајот ќе изнесеме општ заклучок за сè што беше дискутирано во овој серијал и ќе извлечеме краен заклучок за важноста на енергетската ефикасност.


Информатика

Иако безжичното мрежно поврзување сè повеќе ги истиснува од употреба старите добри мрежни кабли (говориме за домашни и делумно деловни услови), сепак на нивното целосно исфрлување од употреба ќе причекаме уште долго време. А дотогаш и понатаму ќе се јавуваат проблеми со слабеење или губиток на сигнал, проблем со кој секој од нас се сретнал барем еднаш.


Омнибус

Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија – Наука на младите, на 17 мај 2014 го организираше 50-тиот јубилеен државен натпревар на младите, со што одбележа пет децении од организирањето на првиот натпревар на младите во Македонија.


Омнибус

За да ја разбереме сегашноста и за да можеме да ја предвидиме иднината мора, да го познаваме минатото. Токму за настаните и личностите од минатото кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока што резултира со актуелниве научни и технички сознанија и благодати, станува збор во продолжението на овој напис. Настаните се однесуваат на актуелниот месец, и сигурни сме дека ќе го задржиме вашето внимание.


Автомобилска техника

Нашето средно стручно училиште СОУ "Гошо Викентиев" од Кочани преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше покането на еднонеделната работна посета на Stichting - EB од Германија. Посетата беше успешна, нашето претставување предизвика голем интерес и ги собра симпатиите на публиката составена од менаџери, професори, стручни лица, студенти и ученици.


Автомобилска техника

Летото е на прагот, а со него доаѓаат и високите температури. Клима-уредите во нашите автомобили интензивно ќе работат. Повеќе од сигурно е дека никој не посакува непријатни изненадувања проследени со дефекти и очекува од нив сигурно и ефикасно да си ја вршат својата работа. Но за тоа е потребен и нашиот влог кој се состои во нивно редовно одржување и правилно користење.


Аудио и видеотехника

На почетокот на овој месец имавме ретка можност да присуствуваме на презентација на новитети во видеопроцесорите и дигиталните комерцијални и кино-проектори од BARCO. Станува збор за производи кои нудат иновативни софтверски и хардверски решенија за визуелни презентации со чија помош се оптимизира работната ефикасност.


Електроника

Ги среќаваме секаде околу нас, но малкумина се заинтересирале за нивниот состав, начинот на работа и начинот на нивното приклучување. Тоа ќе биде темата на овој напис.


Информатика

Здодевни "клинци" кои вртат по мобилни "на тепка" и без идентификација? Упорни "центри за наплата" кои ви додеваат за задоцнети рати? Или можеби сакате своевиден филтер на повици, со кој ќе контролирате кој сакате, а кој не сакате да ве бара на мобилниот? Инсталирајте Call Block, и со еден удар отепајте три муви!


Информатика

Шифрирајте самите, но за дешифрирање ќе ви требаат барем двајца, или повеќе, зависи колку сте параноични. Единствен предуслов (освен довербата) е сите да ја имаат инсталирано истата аплкација.


Екологија

Во ова продолжение, ќе претставиме практично проектирана пречистителна станица, параметри коишто се потребни за димензионирање и опис на самата постројка.


Архитектура и градежништво

Повеќе од 20 години во Република Македонија не постоеше регулатива на полето на заштеда на енергија во градежниот сектор. Во почетокот на 2014 година Министерството за економија донесе два правилника (Правилник за енергетски карактеристики на згради и Правилник за енергетски контроли), кои со помош на пропишаните методологии за пресметки и критериумите за максимално дозволени годишни енергетски потреби за згради, треба да овозможат оптимална заштеда на дефицитарната енергија.


Омнибус

Енигмата на сајфертовите галаксии;
Многу се зборува за биткоин, всушност, што е тоа?;
Направен прв дијаграм на врските во мозокот на еден гушец;
Безжичен уред што ја собира изгубената енергија;
XXXIII државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта;
Чудни конусни облици на површината на Марс;
Бошовиот ремен на притисок;
Putnisite – новооткриен минерал;
Енигмата на ѕведите со променлив сјај;


Писма
За што служат кондензаторите поврзани со електромотор
Кондензатори паралелно на диодите од грецов спој