Рубрика: Електроника
200W Hi-Fi засилувач во класа Д (3)
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ова продолжение, ќе ја анализираме градбата на соодветно напојување за засилувачите на моќност во класа Д. Градбата на вакво напојување претставува исто така своевиден предизвик кој како прв предуслов бара добро познавање на компонентите што треба да се употребат, па затоа, пред да почнете со совладување на оваа етапа во изградбата на моќни засилувачи во класа Д, ви препорачувам да го прочитате второто продолжение на овој мини-серијал.

При изградба на напојување за засилувачи на моќност во класа А и во класа АБ, градителите – ентузијасти, а особено High-End љубителите, знаат многу често значително да го предимензионираат него, не само подведени од фактот што апсолутно е неможно да се добие повеќе моќност на излезот на засилувачот одошто може да даде напојувањето, туку и од желбата да има доволна “резерва” на моќност за да можат да се репродуцираат со мали изобличувања дури и најгласните пасажи. Така, честопати се градат значително предимензио-нирани напојувања коишто ретко имаат можност да ја докажат својата оправданост на дело, освен кога се работи за “ситни” фалбаџиски препирки од типот: “Мојот засилувач е толку моќен, што има 20 000 микрофаради во напојувањето!” На таа следува стереотипниот одговор: “Големо чудо! Моето има вкупно 50 000 микрофаради, па не се фалам со тоа!”
Сепак, потребата од одредено предимензионирање на напојувањето кај засилувачите од класа А и класа АБ наоѓа своја оправданост и, следствено, свои следбеници. Но, мораме да имаме на ум дека предимензионирањето на напојувањето кај овие засилувачи поприма логичка димензија само ако него го користиме на моќности блиски до неговите максимални – што во реални експоатациски услови е многу редок случај. Дотолку повеќе, засилувачите во класата АБ се линеарни засилувачи, а тоа значи дека колку поголема е моќноста на излезот, толку поголема ќе биде потребата од поголема струја која треба да ја обезбеди напојувањето. Ако засилувачот во класата АБ го користиме при мала моќност, тогаш дури и некој извор со помала моќност од номиналната ќе може беспрекорно да ја заврши работата. На таа карта играат производителите на комерцијални засилувачи во класата АБ, па редовно вградуваат “поддимензионирани” напојувања коишто можат да ја дадат потребната максимална струја само во многу кратко времетраење. На тој начин се намалува цената на чинењето на ваквите засилувачи бидејќи вредноста на “квалитетно” предимензионирано напојување би можела лесно да ги надмине “фамозните” 50% од вредноста на целиот засилувач!
Засилувачите на моќност во класата Д не се засилувачи базирани на линеарна електроника, тие работат во импулсен режим, па затоа апсолутно е неможно да се користи поддимензионирано напојување. Тоа, на оние на кои не им е многу позната импулсната електроника, некако им доаѓа како парадокс бидејќи потребата за електрична струја ја поврзуваат со степенот на полезно дејство. Па затоа сметам за потребно да објаснам зошто напојувањата за засилувачите на моќност во класа Д не смеат да бидат поддимензионирани.

Главни елементи и материјали:

Трансформатор 230V/2x20V/250VA
Грецов спој KBPC3510 или сл.

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.