Електроника

Овој проект се однесува на надградба на дигиталниот часовник со термометар објавен во ЕМИТЕР 5/2005. Малите дисплеи ги заменивме со големи дисплеи, направивме неколку мали промени на постоечката ППК и добивме нова џамбо верзија на часовникот. Овој часовник ќе може да се гледа од големи растојанија, и затоа е погоден за употреба во поголеми простории – училници, холови, ординации, трговски центри..., каде што ќе го покажува тековното време, датумот и температурата.


Автомобилска техника

Едно многу незгодно тесно грло кај бензинските мотори, кое одзема дури до 10% од силината на моторот, е вообичаената регулација на силината на моторот со помош на придушна клапна (мајсторски: лептир за гас). Како таа да се елиминира? Одговорот е: со варијабилно отворање на шмукачките вентили.


Астрономија и астронаутика

Според Ајнштајновата Теорија за релативитетот, силата на гравитацијата има бранова природа и се шири во просторот со брзина на светлината, но досега научниците залудно се обидувале со различни методи да ја докажат брановата природа на гравитацијата.


Електроника

Појавата на нови генерации интегрирани засилувачи на моќност во класа Д во многу ја поедностави изработката на вакви уреди и ги приближи до градителите-ентузијасти со помал "стаж". Сепак, на листата на проблеми врзани со оваа тема останаа повеќе нерешени прашања кои, за нивно успешно совладување, подразбираат добро познавање на проблематиката.


Информатика

Големата брзина на трансфер на податоци на SSD хард дисковите ја наметна дилемата: како да се избегне создавањето на тесно грло кај актуелниот SATA 3.0 интерфејс? Со оглед на тоа што удвојувањето на максималниот проток на податоци на овој интерфејс е неисплатлива и долготрајна работа, излезот мораше да се побара во постоечките решенија. И беше пронајден!


Аудио и видеотехника

Роботизираните камери нудат нов и усовршен пристап во продукцијата на телевизиските содржини. Во претходните две продолженија се запознавме со основните роботски системи, со ТВ-камерите и со методите за нивна автоматизација. Во ова, последно, продолжение ќе ги разгледаме разните типови на роботизирани камери. како и нивната примена во виртуелните 3Д-студија.


Електроника

Можеби некогаш сте се запрашале кои се тие тонови што ги слушате при притискање на некое копче на вашиот (мобилен) телефон и што всушност претставуваат? Или често сте размислувале да управувате некој уред токму со помош на телефон, со притискање на копчињата? Доколку одговорот на овие прашања е "ДА", сигурно овој напис ќе го привлече вашето внимание!


Електроника

На некои места во станбените згради, на пример на скалите, актуелно е автоматско исклучување на осветлувањето, но, понекогаш се случува тоа да згасне додека некој корисник сè уште се наоѓа на скалите, па во таков случај тој треба во темница да бара тастер по ѕидот за повторно да го вклучи осветлувањето.


Енергетика

Во минатото продолжение беа разгледани системи за ладење, греење и вентилација и беа посочени повеќе мерки за зголемување на нивната ефикасност. Продолжуваме со системите за загревање вода и ја отвораме клучната проблематика – заштеда на електрична енергија.


Информатика

Трите години пауза, изоставувањето на 32 nm и преминувањето на 22 nm, со низа оптимизации и подобрувања, резултираа со серверски процесор кој поставува нови мерила и стандарди во поглед на перформансите – Intel Xeon E7 v2!


Информатика

Во почетокот на април, Интел го закажа првиот од трите најголеми ИДФ настани во Кина. Овојпат тој се одржа во Шензен, главниот град на првата и една од најуспешните кинески специјални економски зони. ИДФ се надоврза на минатогодишниот настан од Сан Франциско, продолжувајќи ја идејата за интелигентна облека и накит, но се чини дека ова беше само загревање.


Медицина

Петар Стојанов со неполни 26 години е досега најмладиот добитник на наградата "Најдобар млад научник", награда востановена од претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов во своето обраќање по повод доделувањето на наградата истакна дека досега овој проект потполно ги оправда очекувањата, давајќи охрабрување и поддршка на младата научна мисла.


Екологија

Во овој број, продолжуваме со презентирање на можностите за пречистување на отпадните води, нивната класификација и потекло. Ќе бидат претставени и некои типови на пречистителни станици.


Хемија

Добрата комуникација со читателите е важен аспект при размената на информации во научниот свет. Јасното и визуелно прикажување на одредени феномени од природата, честопати помага при овој вид комуникација.


Омнибус

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината мора да се познава минатото. Токму за настани и личности од минатото кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока која резултира со актуелниве научни и технички сознанија и благодати, станува збор во продолжението на овој напис. Настаните се однесуваат на актуелниот месец и сигурни сме дека ќе го задржиме Вашето внимание. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.


Аудио и видеотехника

Камкордер со професионални функции, компактен и цврст, со кој можете да снимате од рамо. Камкордерот Panasonic AG-HMC80P има мали димензии и е лесен, карактеристики коишто ја зголемуваат мобилноста на снимателот. Иако намалените димензии, во некоја рака ги намалуваат и дел од перформансите, како на пример, да речеме, големината на коопчињата, сепак слободно може да се каже дека во овој камкордер Panasonic успеал да направи добар компромис.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област Ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Информатика

Откако од мала, брза и ефикасна алатка за преглед и основна обработка на фотографиите (и неколку дополнителни ефекти) прерасна во комплексна и моќна алатка, ACDSee сосема го загуби духот и шармот од првите неколку верзии, особено легендарната 3.1. Потребата од бесплатен, мал прегледник одамна се наметнуваше како нужност…


Информатика

Флешување на мобилните телефони не е така едноставна операција, како што на пример, денес е сведена кај персоналните компјутери. Секако, во принцип се работи за слична операција, но ретко кој просечен корисник на мобилен телефон ќе се одлучи на ваков чекор. Јасно, за ова треба да се има добра причина и, секако, одредени вештини и познавања, бидејќи секоја грешка може да биде фатална за функционалноста на мобилниот телефон.


Физика

Гравитацијата е она што сите на држи "залепени" за тлото и истовремено е управува со движењето на небеските тела. Во следниов напис ве потсетуваме на неколку факти за гравитацијата од учебникот по физика кои можеби сте ги подзаборавиле и ви откриваме и занимливости кои таму не сте можеле да ги најдете.


Омнибус

Откриена џуџеста планета која го редефинира сончевиот систем;
Cloud безбедносниот систем на Волво;
COSMOS LCD – рачен дигитален микроскоп;
"е-кожа" опремена со меморија;
Бандажи од карбонски влакна;
Дали е на повидок "YahooTube"?;
Cambridge Audio Azur 851W;
Имплантите ја носат борбата во туморот;
Биолуминисцентни дрвја еден ден ќе ги осветлуваат улиците;
Кога птеросаурусот владееше со небото;
SKF топлински камери;