Рубрика: Информатика
SATA Express – нова димензија на протокот на податоци
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Големата брзина на трансфер на податоци на SSD хард дисковите ја наметна дилемата: како да се избегне создавањето на тесно грло кај актуелниот SATA 3.0 интерфејс? Со оглед на тоа што удвојувањето на максималниот проток на податоци на овој интерфејс е неисплатлива и долготрајна работа, излезот мораше да се побара во постоечките решенија. И беше пронајден!

Со развојот на хард дисковите и растот на нивните перформанси, некако срамежливо се наметнуваше прашањето – дали интерфејсите (или линковите, како милувате) полека стануваат тесното грло?
Зависи за која категорија хард дискови говориме. Класичните, со ротациони магнетни плочи, одамна го достигнаа зенитот во поглед на нивните максимални перформанси. Досега, воглавно, растот на перформансите се добиваше на три начини.
Најнапред беше унапредуван (P)ATA интерфејсот, чија пропусна моќ растеше значително (33, 66, 100, 133 MB/s). Потоа се појави SATA, кој во својата прва верзија не беше ништо повеќе од PATA со поинакво каблирање. Со наредната, втора верзија на SATA, беше претставена NCQ технологија на интелигентно распоредување на податоците за обработка според приоритет. Исто така, премиера имаше и новиот AHCI интерфејс. Последната, трета SATA генерација донесе тројно зголемување на брзината на трансфер, од 3 на 6 Gbit/s.
Втор метод е со зголемување на густината на записот на плочите. Но, за волја на вистината, овој метод никогаш не донел драматични отскоци и раст, туку секој пораст бил релативно мал… да не речеме симболичен.
Еднократното зголемување на брзината на ротирање на плочите, од 5400 на 7200 vrt/min остана токму тоа – еднократно. Примерот со VelociRaptor на WD, чии плочи ротираат 10000 пати во минута, повлекува многу поголемо загревање, така што овој диск на себе имаше дополнително пасивно ладење од надворешната страна. Излетите до 15000 vrt/min минаа исто, иако тие дискови никогаш не ја видоа светлината на потрошувачкиот пазар. Не само поради загревањето, туку и поради цената, како впрочем и VelociRaptor-от. Брзината 10/15k не е нешто што чини исто колку и обичен хард диск.
Сè на сè, и најновата генерација класични хард дискови, компатибилни со актуелниот SATA 3.0 интерфејс (6 Gbit/s), одвај се способни да ја заситат максималната пропусна моќ и на првиот, SATA 1.0 линк, кој изнесува 1,5 Gbit/s. Значи, креаторите на SATA низа години можеа да бидат мирни. Барем до неодамна…

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.