Електроника

“Таурус 20” е едноставен QRP SSB трансивер за 20-метарскиот радиоаматерски опсег (14 MHz), со кој можат да се одржуваат радиоврски од дома, со стационарна антена, но исто така многу е погоден за мобилна работа, од излет, прошетка во парк, планина, плажа и слично. Потрошувачката на струја од акумулаторот е мала.


На граница на науката

Денес, кога несомнено се знае дека Земјата, како и сите други планети, има облик на топка, сплескана на половите поради ротацијата околу својата оска, сепак, некои луѓе , и покрај многубројните валидни докази, сè уште не можат, или не сакаат, тоа да го прифатат, и заговараат модел според кој Земјата е рамна плоча!


Автомобилска техника

Во последнава деценија, како последица на сä поголемиот интерес за енергетска ефикасност, енергетска диверзификација и заштита на околината, се забележува забрзан развој во полето на електричните возила. Во овој текст ќе бидат разгледани нивните перформанси и предностите пред класичните автомобили. Основни делови на електричниот систем кај ваквото возило се батериите, електричниот мотор и енергетскиот преобразувач.


Електроника

Проектиран е систем за автоматизација и контрола на процесот на приготвување ајвар. Системот се состои од софтверски и од хардверски дел. Сигналите добиени преку поставените сензори се носат до развојната плочка Ардуино Уно, каде што се обработуваат. За плочката е изработена програма во програмскиот пакет LabVIEW што извршува одлуки за тоа кои акции ќе бидат преземени.


Информатика

Иако во денешно време изборот на медиум за трајно складирање на податоците е голем, сепак не е лесно да се даде одговор – кое решение е вистинскиот избор? Дали се тоа SATA или SSD хард дисковите, или пак и обичното USB “стикче” ќе заврши работа? Да загребеме малку подлабоко под површината на ова актуелна дилема на колегата Томе…


Астрономија и астронаутика

Во февруари оваа година, астрономите на НАСА го објавија откритието на планетарен систем од дури седум каменести земјолики планети околу ѕвезда од типот “црвено џуџе”, што претставува планетарен систем со рекорден број откриени егзопланети околу некоја подалечна ѕвезда.


Омнибус

Дарвиновата теорија за еволуцијата, но и други научни теории, честопати неосновано се оспоруваат со образложение дека, наводно, “Теорија не е закон туку е само теорија, и според тоа, таа е недокажана, па не мора да е точна”!? Таквото лаичко образложение открива елементарно незнаење на основните научни поими: хипотеза, теорија и научен закон!


Столарство

Последно продолжение од серијалот за изработка на електрична гитара во коешто ќе се фокусираме на составување и фино нагодување на гитарата. Со подготвеното тело и вратот за гитарата, останува да ги споиме, да го поставиме хардверот на телото и на вратот, како и жиците и електрониката.


Аудио и видеотехника

“Операциона сала” е рубрика во која правам анализа и подобрувања на некогаш популарните звучници на нашиве простори. Во ова продолжение, ќе направам подобрување на звучниците Wharfedale Valdus 500, кои иако не се најнов модел на познатата британска фирма, сепак се уште се актуелни бидејќи се во редовна продажба во Македонија.


Електроника

Ви претставуваме десет популарни YouTube канали, чија главна тема е практичната електроника. Се работи за канали коишто со квалитетот на содржините, бројот на претплатници и гледаноста се издвојуваат од останатата понуда на YouTube.


Телекомуникации

Денот Д за префрлување на сигналите од Новиот радио-телевизиски дом беше 27 септември 1986 година, во 22 часот. И покрај сите направени подготовки, секогаш се поставуваше прашањето дали ќе се појават некои непредвидени технички проблеми и колкав ќе биде прекинот на програмата. На општо задоволство, прекинот на програмата беше само неколку секунди. Тоа беше факт што сите нас кои во тие моменти учествувавме во потфатот нè направи особено горди.


Астрономија и астронаутика

Во настојувањето на астрофизичарите да најдат алтернативно решение за најслабата алка во актуелниот модел за еволуцијата на универзумот – неговиот почеток од “сингуларитет” – во најново време, двајца автори предложиле радикално ново решение, кое го исклучува постоењето на сингуларитетот, односно Биг-Бенгот.


Колумна

Природата дејствува исклучиво согласно односот на силите на нејзините чинители. Овие односи се апсолутни, се одвиваат без наша волја и контрола и се нарекуваат природни закони. Нема ништо поприродно од природните закони. Тие може да се сметаат за апсолутна вистина пред која и боговите молчат (да злоупотребам една древна мисла). Само еден практичен демант (опит и сл.) е доволен некој природен закон да “падне”.


Аеронаутика

Околу Конкорд се исплетени многу приказни. Повеќето точни. Со овој напис сакаме да го оживееме споменот на еден од најуспешните, најдобрите или барем најконтроверзните авиони на сите времиња. За време на својот оперативен век од 34 години (02.03.1969 – 26.11.2003) Конкорд имаше многу приврзаници, но и моќни непријатели. Сепак, едно е точно: тој никого не оставил рамнодушен.


Медицина

На 31 март 2017 година во престижното Британско списание за спортска медицина (British Journal of Sports Medicine), дел од групацијата BMJ (British Medical Journal) објавено е дека заситените масти не се причина за затнување на артериите и дека коронарната срцева болест е состојба на хронично воспаление за којашто може ефективно да се намали ризикот со здрав начин на живот, а не со лекови за намалување на холестеролот и со избегнување на масна храна.


Архитектура и градежништво

Современите искуства ја проценуваат функционалната и естетската трајност на системите за надворешна компактна фасадна изолација (КСиНТИ) на 30 години. Но трајноста на фасадната изолација директно зависи од надворешните и внатрешните влијанија, од квалитетот и усогласеноста на употребените материјали, како и од квалитетот на изведбата. Во овој напис ќе ги разгледаме основните правила од Европското упатство за примена на КСиНТИ.


Металство и машинство

При развивањето на функционалната структура дури и вештиот конструктор може да се соочи со тоа како да се реши некој проблем. Во тие случаи обично помага знаењето и искуството, креативноста и смислата за конструирање, интуицијата итн. Методското конструирање и за овој проблем има свое специфично решение.


Електроника

Генераторите на правоаголни импулси можат да се конструираат и со стандардни ТТЛили ЦМОС интегрирани логички кола, со додавање неколку дискретни елементи. Постојат неколку основни шеми на овој тип на релаксациски осцилатори и тие ќе бидат разгледани во овој напис.


Автомобилска техника

Нема фиксна бројка колкава треба да биде температурата на разладната течност во моторот со внатрешно согорување. Тоа зависи од многу фактори како што се годишното време, должината на релацијата на која возиме, оптоваеувањето на моторот, стилот на возење, типот на системот за ладење (отворен или затворен), староста на моторот итн. Но сепак постојат неколку параметри на коишто треба да се обрне внимание.


Информатика

Интернетот е медиум којшто воведе темелни промени во подрачјето на комуникациите, забавата и трговијата. Компаниите го користат за комуникации со добавувачите, соработниците и со клиентите. Тие преку интернет продаваат, нарачуваат, примаат нарачки и се натпреваруваат за своите производи и услуги (остваруваат маркетиншки активности за рекламирање на своите производи и услуги).


Аудио и видеотехника

Пештерата со неброеното азно од приказната за Али Баба навистина постои! Нејзината точна локација не е тајна, таа се наоѓа на интернет, а магичниот збор за нејзиното отворање е AliExpress. Единствената разлика е: за да земете нешто од таму, треба нешто малку и да платите. Цената што треба да се плати за тие кинески производи честопати е неверојатно мала, па на човека му доаѓа да праша дали тука има некоја ујдурма?


Информатика

При пребарувањето на интернет, секој веб-прелистувач по дифолт ги меморира приватните податоци на корисникот. Тука се подразбира комплетната историја на посетените веб-страници, пребарувања, cookies и преземањата. Се разбира, нивното бришење може да се направи и рачно, но многу попрактично решение е нивното автоматско бришење. Само да напоменам дека при бришење на историјата на веб-прелистувачот, повторното вчитување на сајтовите ќе биде нешто побавно.


Автомобилска техника

Редовен мал сервис, или контролна проверка на автомобилот, е мал зафат што редовно мора да го практикува секој возач. Со него се превенираат околу 70% од дефектите на автомобилот (вклучително и тешки дефекти или хаварии)а:, а не чини ништо. За што се работи?


Информатика

Што е хакирање и што се хакери? Кои се нивните понуди? Која техника и алатки ги користат? Може ли хакирањето да биде етичко, па дури и корисно и што значи тоа?


Макетарство и моделарство

Задоволството да се изгради сопствен модел и тој да заплови е навистина големо, особено за младите. Од тие причини, се одлучив во пресрет на летната сезона да опишам градба на еден многу едноставен бродомодел кој беше задолжителна задача на натпреварите за млади техничари. Се изработува од шпер плоча со помош на алатот од комплетите по Техничко образование.


Астрономија и астронаутика

Освен поставување сонда во орбитата околу Марс мисијата предвидуваше и спуштање на модул на површината на Марс, но, при реализација на спуштањето, модулот се оштети и врската со него е загубена!


Омнибус

Откриена монументална глава од статуа стара 3000 години;

Планетата Mеркур одново на мета за истражување;

Научниците откриле начин за претворба на CO2 во етанол;

Астрономите решиле 30 год. стара енигма поврзана со црните дупки;

Мистеријата на сатурновата месечина Jапетус;

Како да се кочи пред успорувачи на брзина;

Расте бројот на откриените егзопланети со услови за живот;

Фини производи на тешката индустрија;


Писма
MLTQWP звучник со VISATON BG-20
Нови дискови, да или не?