Рубрика: Уводник
ЕМИТЕР во училиштата
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.

Сите овие години ЕМИТЕР е присутен во училиштата и образовниот систем на Македонија, но секогаш тоа се базирало на ентузијазмот на одредени наставници, професори и ученици. Поширока употреба на ЕМИТЕР во училиштата не беше можна затоа што ЕМИТЕР немаше одобрение од Министерството за образование и наука, иако во претходните 11 години неколку пати имавме поднесено барање за тоа. Зачудувачки е што на нашите претходни барања никогаш не добивме никаков одговор (ни позитивен, ни негативен), но конечно и на тоа игнорирање му дојде крајот – неодамна, ценејќи го квалитетот и значењето на ЕМИТЕР во образованието, Министерството за образование и наука ни издаде одобрение за употреба на ЕМИТЕР во основните и средните училишта. Со тоа се отстрануваат формалните пречки за помасовно користење на ЕМИТЕР во училиштата.

Затоа, уште еднаш сакам да ги потсетам сите наставници, професори и ученици дека содржините на ЕМИТЕР може да бидат многу корисни во наставата и воншколските активности во сите средни училишта и во погорните одделенија на основните училишта, со што образованието на учениците ќе добие во широчина и квалитет. Изборот на темите и нивниот квалитет го прават ЕМИТЕР извонреден извор на дополнителни информации при подготвувањето на разни семинарски трудови и проекти, изработка на практични вежби и експерименти, во работата на повеќе училишни секции, при подготовката за разни натпревари од науката и техниката и, се разбира, незаменлив прирачник при изработка на темите од матурските и завршните испити во средните училишта. Сето ова не е само наше уверување, туку и реалност потврдена во досегашното постоење на списанието: неброено многу проекти, семинарски и матурски теми се направени со помош на ЕМИТЕР, исто толку практични и стручни трудови на разни натпревари, а на многу ученици ЕМИТЕР им помогна да се определат за натамошно школување, а подоцна и работа, во некоја природо-научно или техничка област. Во прилог на претходно кажаното не е одвишно уште еднаш да потсетам на постојаниот квалитет и стручноста на објавените написи, подготвени од преку 30 инженери, доктори, професори и напредни студенти со големи знаења и искуства, како и бројните награди и признанија кои ЕМИТЕР ги има добиено на Изложбите на пронајдоци и технички унапредувања – Макинова.
Со цел ЕМИТЕР да биде подостапен за поголем број ученици, одлучивме да воведеме посебни попусти и погодности при ГРУПНА ПРЕТПЛАТА на ученици:
- За учениците цената на списанието ќе биде со попуст од 23%, односно еден примерок наместо 130 ќе чини 100 денари;
- За разлика од класичната претплата плаќањето нема да биде однапред, туку "број по број";
- На секои 20 претплатници ќе доделуваме и по една претплата гратис. Тие примероци се наменети за училишната библиотека и за учениците кои се со скромни финансиски можности;
- Претплатниците на ЕМИТЕР, за разлика од оние кои списанието го купуваат во трафиките, освен со пониска цена се стекнуваат и со повеќе други привилегии: повремени подароци во форма на каталог, брошура, плочка со печатено коло, дополнителни попусти за нашите изданија и курсеви, купони за попусти кај најразлични македонски фирми итн.
Вакво известување и понуда, заедно со пакетче од неколку примероци на ЕМИТЕР, деновиве испративме до сите основни и средни училишта во Македонија. Драги колеги, професори и наставници, вие сте на потег – претплатете се на ЕМИТЕР и за себе и своите ученици обезбедете си извонреден и постојан извор за стручна надградба.

Со почит,
Слободан Таневски
главен уредник

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.