Рубрика: Уводник
Групна претплата на ЕМИТЕР за училишта и факултети
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Новите состојби и времиња бараа трансформација на списа­нието ЕМИТЕР во поглед на ор­га­­ни­зација на работата, но и во на­чинот на издавање. Па, така, сле­деј­ќи ги современите текови во издаваштвото, пред три годи­ни преминавме на еле­ктронско из­дание на списанието, а од ми­на­тата година, на барање на чита­­телите, го вративме и печатеното изда­ние коешто е достапно исклучиво по пат на претплата.

Во таа насока, од неодамна на наша­та веб-продавница www.emiter.mk разви­вме систем преку кој е овозможена груп­на претплата и пристап до електрон­с­кото издание на сите ученици, студенти и вра­бо­тени во некоја образовна инсти­ту­ција, кога тие пристапуваат од ИТ-мрежата на таа институција. Со ова се создаде мож­ност да одобриме навис­тина огромен попуст за таков вид на групна претплата. Правилата и условите за ваков вид на годишна претплата се следниве:

• Претплатата е годишна, се однесува на електронското издание на ЕМИ­ТЕР и во овој момент содржи 4 броја (со оглед на тоа што сега списанието изле­гува на 3 месеци).

• Цената на една годишна претплата е со 90% попуст и наместо 400 денари ќе чини само 40 дена­ри за еден претплатник.

• Сите претплатници ќе ги добијат на подарок и електронските изданија на бро­е­ви­те од 2015 година до денес, со што се остварува вкупна заштеда од преку 95% во однос на редовната цена на електрон­ското издание на ЕМИТЕР.

• Институцијата ќе добива и по три гратис примероци од печатеното издание на секој нареден број од спи­санието доде­ка трае претплатата.

• Сите овие бенефиции се однесу­ваат само за групна претплата, односно прет­плата за СИТЕ студенти и врабо­тени од таа образовна институција.

• Со ваква групна претплата, сите ученици, студенти и вработени од таа институција ќе имаат неограничен при­стап до електронските изданија опфате­ни со претплатата од компјутерите, лап-топите, таблетите и мобилните телефони во ИТ-мрежата на институцијата. 

• Технички услов за ваков вид на прет­пла­та е институцијата да има фиксна IP ад­реса која, ако ја нема, може да ја обез­бе­ди од својот интернет-провајдер.

Први корисници на систем­от за групна електронска прет­плата ќе бидат сите 1200 сту­денти и вработени од “матич­ниот” факултет на Емитер – Фа­кул­тетот за електротехника и информациски тех­но­логии (ФЕИТ) од Скопје. Имено, за мало потсетување на нашите читатели, токму на ФЕИТ (тогаш Електро­тех­нички факултет – ЕТФ) во далечната 1995 година беше одржана промоцијата на првиот број од списа­нието ЕМИТЕР, кое тогаш беше исклу­чиво посветено на електрониката, теле­ко­муникациите, ин­фор­­матиката, авто­ма­ти­ката, аудио и ви­део­техниката. От­тогаш до денес поми­наа повеќе од 24 години, 200 броја на ЕМИТЕР и десетина книги и брошури. Токму затоа ФЕИТ е првата образовна институција на која ѝ ја понудивме опци­јата за групна прет­плата и таа, со вооду­ше­вување, беше при­фатена од деканот, проф. д-р Дими­тар Таш­ковски, и поддр­жана од повеќе професори.

Претплатата на сите студенти на ФЕИТ ќе им овозможува брз и еднос­тавен при­стап до содржините на Еми­тер, што се­како ќе им биде од полза при студи­ра­њето, особено за вежбите, прак­тич­ните про­­ек­ти, семинарските и дип­лом­ските трудо­ви. Прет­платата исто­вре­мено претс­та­­вува и директна под­дршка за работата на ЕМИТЕР, сигнал дека ФЕИТ ја чувству­ва по­т­ребата за неформално дополнување на об­­разова­нието на своите студенти и ја под­држува едукативната, информа­тивна­та и науч­но-популарната мисија на списанието.

Со ова ја промовираме нашата нова понуда и ново-старите заложби за пого­лема присутност на ЕМИТЕР во училиш­тата и на факултетите. Во наредниот период до сите училишта и факултети ќе доставиме понуда за групна претплата на електронското издание на Емитер. Се надеваме дека, слично на ФЕИТ, и дру­гите образовни институции ќе ги согле­даат предностите на овој вид инфор­мира­ње и дополнителна едукација на нивните ученици, студенти и наставници и пози­тив­но ќе одговорат на нашата понуда. Со тоа истовремено ќе дадат силна поддрш­ка за натамошното опсто­ју­вање и напре­док на ЕМИТЕР, единс­твеното македон­ско списание за попу­лари­зација и примена на науката и тех­никата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.