Рубрика: Информатика
Дочекајте се на нозе при пад на Windows 7
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од своето постоење до денес Windows системите станаа неславно познати по нивната склоност да паѓаат во, за вас, најнезгодните моменти. Рака на срце, со текот на годините оваа непријатна ситуација сè поретко и поретко се случуваше како што се подновуваше и созреваше овој оперативен систем, па така кај Windows 7 системите ова веќе стана ретка појава. Но, можноста од непријатно изненадување секогаш постои.

Кога доаѓа до пад на системот речиси неповратно губите податоци, а ако вашата работа зависи од компјутерот кој ви станал привремено неупотреблив тогаш сте "во кал до гуша". Но, нема потреба да очајувате, не е сè толку црно бидејќи во Microsoft мудро предвиделе дека можете да се најдете во ваква ситуација, па токму затоа во пакетот ја вклучиле и алатката за создавање на огледална слика (image creation tool) која ќе ви помогне брзо и ефикасно да го подигнете системот по неговиот крах.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.