Рубрика: Електроника
Заштита за звучници
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходните броеви на ЕМИТЕР имавте можност да најдете проекти на неколку интересни засилувачи. Секој од овие засилувачи си има и предности, но и свои недостатоци. Сепак колку и да се добри засилувачите, најчесто кај нив не е предвидена дополнителна заштита за звучниците, кои можат да бидат оштетени и од засилувач кој е со неколку пати помала излезна моќност од номиналната моќност на звучниците. Ова значи дека и засилувач со излезна моќност од 40W може да оштети звучник од 100W. Посебно се осетливи високотонците, поради помалата погонска моќност. Најчесто оштетувањето на звучниците се јавува поради преоптоварување на излезниот засилувач, односно кога ќе дојде до отсекување на дел од сигналот (clipping). Во ваква состојба сигналот кој им се испорачува на звучниците содржи многу високофреквентни хармоници со голема амплитуда. Многу полош случај е кога ќе прегори некој од излезните транзистори во излезниот засилувач. Во таков случај на излезот ќе се јави голем еднонасочен напон кој лесно може да го уништи звучникот. До прегорување доаѓа и кај добро димензионираните свртници, поради појава на виши хармоници (заради клипинг) со значително голема моќност. За ефикасна заштита на звучниците ви го предлагаме следниов проект за самоизведба.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 990203
Печатена плочка: 990202
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.