Рубрика: Омнибус
Отворен ден на УКИМ
Објавено на 05.04.2024 - 11:30

Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 АПРИЛ 2024 година, во периодот од 11 до 15 часот, во рамки на кампусот на УКИМ, на платото во кругот на комплексот факултети за општествени науки, организира Отворен ден.

Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, со свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ. Факултетите кои се дел од универзитетот со најдолга традиција во Македонија, ќе ги презентираат своите студиски програми, активностите на студентите и своите центри за кариера.

Присутните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со професорите и студентите, да дознаат повеже за студиските програми на факултетите, за можностите за стипендирање. Исто така ќе можат и од прва рака да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученоста во научноистражувачките проекти, да дознаат повеќе за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, практикантството, како и за кариерните можности.

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: