Рубрика: Омнибус
Професор од ФЕИТ е избран за уредник во престижно меѓународно списание
Објавено на 28.03.2024 - 18:00

Д-р Зоран Хаџи-Велков, редовен професор на ФЕИТ и дописен член на МАНУ, е избран за уредник во списанието IEEE Transactions on Communications. Ова е водечко списание на ИЕЕЕ, најголемата меѓународна организација на електроинженери, и потекнува од списанието Transactions of the American Institute of Electrical Engineers основано во далечната 1884 година.

Во ова списание досега се објавени некои од најголемите научни откритија во телекомуникациите и информатичко-комуникациските технологии, а неговиот моментален импакт-фактор изнесува 8,3. Му честитаме на професор Хаџи-Велков за овој избор кој претставува признание за неговите досегашни научни достигнувања, и му посакуваме успешна уредничка работа.

Преземено од ФЕИТ

Клучни зборови: