Рубрика: Автомобилска техника
Сензор што им овозможува на возилата во движење да ги детектираат условите на патот
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 25.05.2022 - 11:15

Истражувачите од Универзитетот Карлос Трети во Мадрид (UC3M) развија сензор и метод за откривање на условите на патот додека возилото се движи.

Иновативниот сензор предупредува за присуството на вода, мраз, снег и на други пречки на патот, а исто така ги користи добиените податоци за пресметка на недостатокот од површинска припиеност и допир со патот. Целта на овој уред е да се зголеми безбедноста при возење и да се спречат сообраќајните незгоди, се разбира, откако еднаш уредот ќе стане интегрален дел од сите моторни возила.

Овој сензор работи со користење на спектроскопските техники на рефлексија, односно со помош на светлосни зраци и фотодетектори тој врши анализа на околината на возилото.

Нашиот сензор се заснова на оптички чешлест филтер со двојна фреквенција, оптички средства за насочување на излезниот зрак од филтерот, фотодетектор и дел за прием на оптички сигнал“, објаснува д-р Марта Руис Љата. доктор на науки од областа на електротехниката, електрониката и автоматиката од UC3M. Врз основа на добиениот светлосен сигнал, електронскиот фотодетектор го анализира радиофреквенцискиот спектар на откриениот сигнал и го преведува во видлива слика за состојбата на патот.

За волја на вистината и досега постоеја други техники и модели за откривање на состојбата на асфалтот. Новината кај оваа иновација е тоа што таа овозможува препознавање на условите на патот во реално време.

Другите системи кои користат неколку емитери со различни бранови должини не можат да се користат за мерење на условите на патот кај возило во движење, бидејќи времето потребно за интеграција е премногу долго“, вели Пабло Аседо Гаљардо, доктор на науки од областа на телекомуникацискиот инженеринг при UC3M.

Клучни зборови: