Рубрика: Медицина
Откриен протеин што влијае врз метаболизмот
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 29.04.2022 - 11:45

Што ако постои протеин способен да го успори или забрза метаболизмот? Група научници неодамна го откри токму тоа – протеин од хипоталамусот што ни кажува кога треба да ја заштедиме енергијата, а инхибирањето или зајакнувањето на неговите ефекти би можело да ни помогне да го регулираме метаболизмот во една или во друга насока.

Според студијата објавена неодамна во научното списание PNAS, една од улогите на протеинот аугментор-алфа (аugmentor-alpha) би била токму да нè натера да разбереме кога е соодветно да ја штедиме енергијата, во случај на пост, на пример, ставајќи го метаболизмот привремено “на пауза“. Ова откритие, велат истражувачите од Јеjл, може да се покаже корисно за развој на нови лекови за третирање на разни метаболички заболувања.

Влијанието на аугментор-алфа се изразува главно врз agRP невроните, кои се наоѓаат во мозочниот регион на хипоталамусот, и имаат задача да нè натераат да се чувствуваме гладни. Кога постиме присуството на протеинот во невроните се зголемува, со што тој ни дава знак дека се работи за заштеда на енергија. Споредувајќи две групи на глувци, каде во едната протеинот бил присутен во нормални нивоа, а во другата тој отсуствувал, истражувачите забележале дека во првата група глодарите, во отсуство на храна, ја намалувале физичката активност и ја штеделе енергијата; во вториот случај, пак, тие не штеделе енергија и продолжиле да бидат многу активни дури и кога постеле – тие не добивале сигнал за “стоп“ од мозокот и поради toa биле мошне послаби од нивните придружници.

Интересно е што истражувачите се заинтересираа за протеинот аугментор-алфа поради неговата улога при создавањето тумори.

Според истражувачите, инхибирањето или зајакнувањето на ефектот на протеинот може да послужи за лекување на разни болести што се поврзани со функционирањето на метаболизмот. Зголемувањето на количината на аугментор-алфа, на пример, би им помогнало на оние кои страдаат од анорексија да ја зголемат телесната тежина; од друга страна, инхибирањето на неговиот ефект би можел да им помогне на оние со прекумерна тежина да се ослободат од вишокот килограми.

Сепак, научниците веруваат дека оваа новооткриената функција на протеинот аугментор-алфа е само една од многуте. Со оглед на неговото присуство и влијание во хипоталамусот, чиишто задачи се повеќекратни – од репродукција и терморегулација, до одговор на стрес – мошне веројатно е дека протеинот е подеднакво вклучен и во регулацијата на некои од овие процеси.

Интересно е што истражувачите се заинтересираа за протеинот аугментор-алфа поради неговата улога при создавањето тумори. Имено, тој се приклучува на киназата на анапластичниот лимфом (анг. Anaplastic Lymphoma Kinase, ALK), молекула која, кога мутира, е одговорна за развојот на повеќе форми на рак

Клучни зборови:
Интересно е што истражувачите се заинтересираа за протеинот аугментор-алфа поради неговата улога при создавањето тумори.

Интересно е што истражувачите се заинтересираа за протеинот аугментор-алфа поради неговата улога при создавањето тумори.