Рубрика: Омнибус
Прв STEM натпревар за основците во Македонија
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 05.06.2018 - 17:45

Повеќе од стотина основци учествуваа во првиот СТЕМ натпревар во Македонија откако успешно го поминаа првото ниво на Основни СТЕН принципи“ од програмата Bricks Challenge на Young Engineers. Победник на натпреварот, кој се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии, е ученикот Игнатиј Тасевски, кој заедно со уште 3 лица, ќе престојува во Леголенд, Германија како награда за првоосвоеното место на натпреварот во организација на Young Engineers Skopje Macedonia, единствена лиценцирана програма за СТЕМ едукација во Македонија со LEGO коцки,  достапна во Македонија како франшиза на e² Young Engineers.

Второто место, поради ист број поени, го поделија учениците Огнен Цацаноски и Теодор Веселинов, а третото место го освои Теодосиј Лазаревски.

Освен тоа што сите финалисти и сите учесници беа наградени, во согласност со остварените резултати низ повеќе фази, а според повеќе критериуми, како што се: теорија, време, точност и функционалност, напредна надградба на зададениот модел на изградба, важно е да се истакне дека натпреварот беше предизвик на којшто децата освен тоа што се натпреваруваа во стекнатото знаење, уште од мали се учат на одговорност кон сопствениот успех, почит кон себе и кон другите, одговорност и управување со времето, индивидуалниот фокус и вложениот труд да се постигне посакуваната цел.

Ваквите натпревари се голем предизвик што треба да ги мотивира младите деца – идни инженери да ги стават своите знаења во функција и да покажат колку и што научиле, не да ги охрабри да не се откажуваат лесно од она што го сакаат, да бидат упорни, истрајни и да веруваат во себе, да ги поттикнат да размислуваат на еден поинаков, логичен и неконвенционален начин, да се научат да бидат одговорни и да се борат за сопствениот живот.

Летово се организираат и камп активности (повеќе информации за тоа тука)

“Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење, конкретни зададени проблеми, а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење модели. Програмите се тестирани и статистички е докажано дека 88% од учениците се стекнуваат со подобро знаење од областа на науката, зголемена концентрација и креативност, истовремено покажувајќи и подобри резултати на ПИСА тестовите во светот.

Освен тоа што децата се фокусирани на часовите кон изучување на материјалот, ги поттикнуваме да размислуваат надвор од границите на традиционалните методи за учење и размислување (outside of the box). На тој начин, поставуваме пристап во размислувањата кај децата со помош на кој ќе бидат фокусирани кон тоа како да успеат во животот, докажувајќи дека секогаш има повеќе точни начини за решавање на проблемот. Но, не само во проблемот кој го имаат како предмет за изучување, туку и во предизвиците на животот, велaт претставниците на Young Engineers Skopje Macedonia.

Основна цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации иноватори, научници и програмери.

Натпреварот се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Ваквите натпревари овозможуваат децата да слушнат или да влезат во магијата на инженерството. На ваков начин, уште од најмали нозе, им се открива сосема нов свет и преку натпревар, тие се борат да стекнат колку што е можно повеќе знаења. Исто така, дел од овие дечиња ќе бидат наши идни студенти. Им честитам на добитниците“, истакна деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски.

 

* акронимот СТЕМ (Science, Technology, Engenieering, Mathemathics) се однесува за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика.

Клучни зборови: