Омнибус

KEF reference 109;
Arcam Alpha 10DAB;
Technics SU-C 3000 / SE-A 3000;
Mitsubishi CP-D1;
Новите компјутери од Apple;
Casio QV - 700SX;
Фреквентен регулатор од Omron;
24-линиски I/O Interface;
Моќта на Ikegami HL - V59


Омнибус

SG – 2020;
"Japan Special Call Award";
Правила за дипломата "Belgian Young Ladies Club Award";
Правила за натпреварот "Baltik";
DX-информации;
Книги од "MFJ";
Календар на меѓународни КБ натпревари


Аудио и видеотехника

Нашиот читател Петр Петрејчин ни ги донесе своите звучници, изработени според проектот SBI Selektor 100, објавен во SAM 11/88. Оригиналниот проект SBI Selektor 100 е направен со класична симетрична свртница од прв ред. Меѓутоа, Петр не бил задоволен од звукот што го давала оваа свртница.


Аудио и видеотехника

DCD-1550AR е последниот по ранг CD плеер од горниот дом на Denon-овата CD продукција која ја сочинуваат пет CD репродуктори во опсег од раскошно опремениот транспорт DP-S1 со кој се поставени нови дигитални стандарди, преку ништо помалку возбудливо дизајнираниот интегриран плеер DCD-S1, до три слични по изглед со кои завршува гамата.


Аудио и видеотехника

Во текот на многу години ТВ камерите го достигнаа вистинскиот врв на перформанси што се бараат од 625-линиската телевизија и пазарот нема видено некој голем број нови модели или унапредувања во досегашниот период. Можеби сè до денес. CD чиповите во денешните камери имаат одлична резолуција, многу подобра од онаа што му е потребна на PAL системот, но во денешно време производителите имаат нови предизвици и (за жал не во Европа) се изведуваат трансмисии со повисоки резолуции.


Аудио и видеотехника

Компјутер без звук во денешно време е вистинска реткост, независно од тоа дали се работи за софистицирана компјутерска игра или, пак, различни наредби проследени со едноставни звуци. Уште повеќе, звукот стана важен сегмент и за корисниците на интернет бидејќи преку мрежата можат да се слушаат и радио програми. Како последица на сето ова се појавија различни формати на фајлови за чување на аудио сигнали.


Електроника

Фотоелектричните релеи главно се користат за автоматско вклучување и исклучување на јавното осветлување. Поради тоа тие не можат да се користат таму каде што е потребна само краткотрајна информација за промената на интензитетот на светлината. Фото-релејот прикажан во овој проект ги задржува сите добри карактеристики на постоечките, а истовремено може да се користи за импулсна детекција на интензитетот на светлината.


Електроника

Идејата за овој уред потекна од еден мој пријател кој има своја продавница (сервис). Токму таму ми се јави идејата за изработка на ваков уред. Се случуваше повеќе пати да бидеме преокупирани со некој дефект или обичен разговор (пренесување на искуства), а некој муштерија да дојде и да не биде забележан. Со изработката и поставувањето на овој дојавувач се надмина и тој проблем.


Електроника

Во овој текст ќе биде опишан еден интересен уред, со кој можете да се пошегувате со блиските пријатели. Пред неколку месеци во рубриката "Теорија и апликации" беше објавен текстот "Електронски тропкач" со слична намена, но заради тоа што во колото се користи калем електроничарите почетници се најдоа пред голем проблем. Уредот кој е опишан во продолжение е едноставен и не содржи калеми, па затоа се надевам дека нема да претставува проблем да се направи и да проработи веднаш.


Електроника

Овие денови многу често се користи терминот радио локатор. Ова е уред, кој со сигналот што го емитува одбележува некоја локација. Како и сите други и овој уред може да се злоупотреби за воени цели и жално е што токму вака најголем број од нас дознаа за постоењето на ваквите уреди. Уредот, кој ви го претставуваме, е срцето на еден радио локатор. Со него може да се открие точно за кој радио локатор се работи.


Електроника

Идејата да се ангажирам со градба на овој електронски уред потекнува од времето кога рестрикцијата на електрична енергија беше актуелна. Имено, прелистувајќи го работниот дневник од минатите години, со чувство на носталгија се потсетив на еден од моите први проекти, кога со моето почетничко искуство успеав да пронајдам во внатрешноста на еден готов комерцијален уред интересна реализација на автоматско резервно осветлување.


Електроника

Во овој дел од курсот продолжуваме со разгледување на параметрите на биполарните транзистори. Поточно ги разгледуваме работните подрачја и гранични параметри на транзисторот и други параметри на транзисторите. Потоа се посветуваме на испитување на биполарните транзистори - испитување на исправноста и испитување на структурата и изводите на непознат транзистор.


Електроника

Во радио предавателите и радио приемниците, задолжително е присуството на осцилации со високи фреквенции. Без нив практично не би постоел радио преносот. Во радио предавателот се генерираат високофреквентни струи кои преку антената се емитуваат во етерот како електромагнетни бранови. Кога ќе стигнат до приемната антена, со помош на радио приемникот се примаат, а понатаму и демодулираат. За да се создадат осцилации со високи фреквенции се користат таканаречени високофреквентни осцилатори.


Електроника

Интегрираното коло LM567 е тон декодер со излезен прекинувачки транзистор, кој се вклучува ако на влезот на колото се доведе сигнал со одредена фреквенција. Оваа фреквенција и опсегот на фреквенции околу неа, за кои настанува вклучување, засебно се нагодуваат со неколку надворешни елементи. Тука ве запознаваме со најважните електрични карактеристики на колото и неколку предлози за негова примена


Електроника

Поделбата на композитниот видео сигнал на два, многу влијае на зголемувањето на квалитетот на репродуцираната слика и заради ова како решение е оправдана. Нема повеќе интерференција помеѓу обоеноста и осветленоста. Лоша страна на ова решение е некомпатибилноста со телевизорите и мониторите, кои имаат само влез за композитен видео сигнал.
Овде предложеното решение е "мешач" на сигналите за обоеност и осветленост во сигнал, разбирлив за уредите со влез за композитен видео сигнал.


Електроника

Проблемот на изработка на уред кој ќе ја подобри работата на моторот и овозможи искра со доволна енергија за палење на горивото често е обработуван со помал или поголем успех. На пазарот преку разни огласи се нудат уреди за таа намена, кои не се ништо друго туку обични електронски прекинувачи и не нудат некои подобрувања. Некои уреди го носат и епитетот "DIGITAL" иако не е употребено решение во тој контекст.


Електроника

Кино-аматерите ретко користат забрзано снимање кое овозможува за неколку секунди да се прикаже некоја акција која се одвива споро. На пример, претворувањето на пупка во цвет. За тоа е потребен електронски тајмер кој овозможува автоматско снимање со однапред утврдено временско растојание.


Телекомуникации

Пред повеќе месеци IRIDIUM LLC, конзорциум од 19 меѓународни компании, го лансираше првиот глобален, безжичен комуникациски сервис. Извишувајќи се над хоризонтот како Млечниот Пат, констелацијата IRIDIUM го пренесува човечкиот глас со брзина на светлината. Кружејќи околу Земјата како конвој месечини, таа ја опкружува планетата така што и најоддалечените луѓе се всушност на растојание од неколку секунди.


Писма
Напојување за 2x500W засилувач
Предавател и високоомски слушалки