Архитектура и градежништво

Конкурсот за уредување на централниот плоштад "Македонија" во Скопје заврши. Архитектите ги понудија своите проекти, а комисијата требаше да го одбере најдобриот. Но, комисијата одлучи да не избере само еден проект, туку реши она што ќе се гради да биде компилација на делови од три понудени проекти!? За такво решение народот одамна нашол еден многу прецизен израз: турли-тава!


Електроника

Во овој напис ќе ви претставиме исклучително едноставно решение за изработка на висококвалитетен излезен засилувач изведен во интегрирана техника. Идејата да ја претставиме оваа изведба доаѓа од редовен читател на ЕМИТЕР. Ова интегрирано коло го претставивме во претходниот број на ЕМИТЕР, но како апликација во која TDA7294 е во самостоен режим на работа.


Астрономија и астронаутика
Поглед на опсерваторијата Маунт Вилсон денес

Во опсерваторијата Маунт Вилсон, Калифорнија, САД, во тек е градба на центар за астрономија со висока аголна резолуција, кој за разлика од конвенционалните "сингл" телескопи, нуди гледање во вселената со многу повеќе детали.


Аудио и видеотехника

Италијанскиот сеизмолог Џузепе Меркали (Giuseppe Mercalli) го задолжи светот со својата скала за мерење на јачината (магнитудата) на земјотресите. Додека со Рихтеровата скала се мери јачината на земјотресот под површината – во самото жариште на земјотресот, Меркалиевата скала ја мери јачината на земјотресот на самата површина, на која било локација на Земјината топка.


Автомобилска техника

После претставувањето на најевтините нови автомобили кај нас, презентирано во минатиот број, истражувањето на ЕМИТЕР, за тоа кои автомобили можат да се набават на нашиот пазар, продолжува. Овојпат донесуваме преглед на автомобили чија цена се движи во границите меѓу 8 000 и 9 000 евра.


Електроника

Во еден од минатите броеви на ЕМИТЕР објавивме проект за алармен уред што може да врши дојава преку обична телефонска линија доколку се активира некој аларм. Овој пат објавуваме проект за уред што при активирање на некој аларм врши дојава преку СМС порака на вашиот мобилен телефон.


Енергетика

Фактот дека живееме во време на изразена енергетска криза, треба да биде наш најголем мотив да искористиме нешто што е бесплатно. Со користење на сончевата енергија добиваме бесплатна енергија и чиста околина.


Информатика

Произведувачите на графички картички уште пред 10-ина години почнаа да ни кажуваат приказни дека тогашниот приказ на игрите е "како на филм". Наивните поверуваа и се фалеа низ маало дека Доом 1 на нивната 386-ка изгледа "скоро исто" како филм.


Аудио и видеотехника

Сакате добра вечер? Ама, навистина добра вечер? Ќе Ви кажам еден одличен рецепт! Потребно Ви е: едно весело друштво, еден пар погабаритни звучници од по 2 метра висина; еден стерео засилувач со најмалку 25 кг жива мера; два це-де плеери; 30 тазе це-деа; еден грамофон; 20 одлежани, крцкави ЛП плочи и еден ди-џеј (DЈ)... Да не заборавив нешто? ... Ах, да! Потребен Ви е и еден миксер (mixer, "миксета").


Аеронаутика

Освен кај вселенските летала, најочигледниот спој на врвната техника и технологија, како и најсовремените научни достигнувања е видлив токму кај борбените воздухоплови. Меѓутоа, дури ни ваквиот "застрашувачки микс" не може да ја сопре историјата, од време на време, да ја спушти својата стора, сурово трансформирајќи го еуфоричното "раѓање" на еден авион во правлив архивски материјал.


Информатика

Прашање кое често предизвикува забуна не само кај крајните корисници на компјутерската мрежа, туку често и кај луѓе кои се инволвирани во компјутерската технологија, но не се докрај упатени во разликите и причините поради кои денес FTP каблите сè повеќе ги потиснуваат UTP каблите.


Астрономија и астронаутика
Бетелгес (Betelgeuse) е црвената ѕвезда во горниот лев дел од сликата. Таа се наоѓа во соѕвездието Орион и е суперџин од спектрална класа M.

Најголем дел од тајните на ѕвездите се откриваат преку нивните спектри. Меѓу нив спаѓаат: температурата, хемискиот состав, атмосферскиот притисок и брзината на ротација. Ѕвездите според линиите во својот спектар се поделени на 11 групи. Од друга страна, според луминозноста тие се делат на 5 групи.


Електроника

Кај постарите грамофони со мотор и ремен се врти тешка плоча, како замаец, која има природна стабилност на брзината, поради што завивањето и треперењето (Wow&Flutter) не претставуваат проблем. Меѓутоа со напуштање на тешките конструкции и примената на лесни пластични материјали, се појавува проблемот на стабилноста на брзината што се решава со примена на сервосистеми.


Автомобилска техника

Ова е актуелна тема на овие наши простори. Причини за тоа има повеќе: од сè поголемиот притисок за здрава и чиста околина до Одлуката на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ според која РМ е обврзана до 2008 година целосно да ги исфрли од употреба оловните бензини за моторните возила како најголеми загадувачи на животната средина и непријатели на човековото здравје.


Информатика

Ова е првото од серијата интервјуа што периодично ќе следуваат во наредните изданија од нашето и Ваше списание ЕМИТЕР, со цел да откриете битни моменти и настани директно од личности кои влијаеле на развојот на науката и техниката во Република Македонија.


Информатика

Во минатиот број од нашето списание беше објавен текст под наслов "Дигиталната ЛЕД технологија на OKI", во кој се опишува супериорноста на ЛЕД светлосниот извор во однос на ласерскиот светлосен извор. За нас ова беше доволна причина да ги замолиме вработените во Дуна Компјутери да ни отстапат еден ЛЕД печатач на повеќедневно тестирање, на што вработените во Дуна Компјутери без двоумење ни го дадоа печатачот OKI B4200.


Електроника

Дигиталните интегрирани склопови особено се осетливи на различни надворешни електрични пречки како што се некои несакани импулси и слично, бидејќи се прилично брзи па реагираат веќе и на импулси од редот на наносекунди, со амплитуда од околу 2,5V па нагоре. Поради тоа се преземаат посебни мерки за заштита од несаканото влијание на таквите пречки.


Информатика

Едноставни трикови во Windows кои лично сум ги испробал. Добри се за забава или кога сакате да се пошегувате со некој од вашите другари. За да можете да ги изведете овие трикчиња треба да имате основно знаење за регистерот на Windows (Windows Registry) и да го следите текстот и сликите. Се разбира дека после секоја измена во регистерот, тој треба да се освежи (Refresh), што се постигнува со кликнување на Ф5 или со рестартирање на компјутерот.


Електроника

Како што кажува и самиот наслов на шемата е прикажан еден класичен аудио предасилувач кој во случајов е реализиран со еден операциски засилувач. Главната функција како и кај секој предзасилувач е да обезбеди висока влезна отпорност, мала излезна отпорност и неопходно засилување на сигналот до ниво потребно за побуда на некој излезен аудио засилувач.


Макетарство и моделарство

Овој модел е изработен како резултат на повеќегодишно искуство и изработка на воздухопловни модели. Наменет е за основна обука, рекреација , но покажа одлични резултати и на натпревари од општински и републички карактер. Според димензиите спаѓа во категоријата F-1-X (А-1) слободно летачки модели до 18 дециметри квадратни и минимална тежина до 212 грама согласно прописите на ФАИ (Меѓународна воздухопловна организација).


Математика

Дури и најдобрите од многуте плодни математичари имале домашни задачи. Славниот швајцарски математичар Леонард Ојлер (Leonhard Euler 1707-1783) не бил исклучок од тоа. Ојлер имал само 14 години, кога бил испратен на Универзитетот во Базел во 1720 година, за да студира теологија. Набрзо по неговото пристигнување таму, тој му се претставил на Јохан Бернули (Johann Bernoulli 1667-1748) и го наговорил славниот научник и математичар да му стане ментор.


Телекомуникации

На Светскиот конгрес 3GSM беа претставени многу нови модели, во кои секако не беа изоставени последните достигнувања од оваа област. Меѓу сите тие модели се наоѓаше и првиот мобилен телефон од третата генерација, произведен од Јапонско-Шведската корпорација Сони-Ериксон (Sony-Ericsson).


Аудио и видеотехника

Сите бевме изненадени кога на преодот во новиот милениум фирмата Ротел (Rotel) го најави прекинот на производството на своите основни модели на интегрирани засилувачи. За познавачите ова претставуваше вистинска сензација особено ако се знае фактот дека Ротел својата висока репутација на европскиот пазар ја темелеше токму на овие модели и речиси да немаше конкуренција во оваа класа освен можеби од NAD и, одвреме навреме, од некои од далекуисточните производители.


Макетарство и моделарство

Верувам дека ова е првиот проект на сончев часовник јавно прикажан во Македонија! Конструкцијата е позната околу 2000 години, но мојот дизајн е сосема оригинален – сигурно ќе се согласите!


Астрономија и астронаутика

Досега научниците трагаа по сигнали од вонземјена интелигенција само во радио подрачјето, меѓутоа од неодамна тие започнаа трагање и во оптичкото подрачје.


Телекомуникации

Презентиран на последниот CeBIT, заедно со уште три други екстремно мали "мобилки", новиот производ на јапонскиот производител Панасоник (Panasonic) е телефон со интегрирана камера, мали димензии и интересен дизајн, или како што го нарекуваат од компанијата "мал бисер за лесно испраќање на фотографии". Како следбеник на популарниот GD87, новиот Панасоник X70 ги наследи главните карактеристики, но во споредба со GD87 е за 20% помал.


Електроника

Преку серија цртежи прикажани се распоредот на изводите на некои најчесто користени биполарни транзистори за средни големи моќности, како и димензиите на куќиштата на овие транзистори.


Електроника

Честопати кај засилувачите се јавува потреба за клипинг индикатор кој на визуелен начин треба да го сигнализира преминот на засилувачот во заситување. Едно едноставно решение на ваков иникатор е прикажано на шемата.


Омнибус

Нови мотори за опел корса и агила; Ново домашно "галениче"; 3D пренослив компјутер ? ! ?; Лексус RX 300; Darpa A-160; Волво S40; 13-ти август 2003 година- празник за љубителите на ноќното небо; Детектирани неутрина со потекло надвор од нашата галаксија; Судирот со астероид во 2014 година е скоро невозможен; Магелан Sportrek Pro; Македонија под влијанието на Мајкрософт; SLASHDOT.


Писма
Пофалби за новиот ЕМИТЕР
Звучници
Големи дисплеи и релеи за FG-95
Евтин засилувач од 300W
Релеј и напојување на заштитата за звучници