Во овој напис ќе се обидеме да ви ја претставиме историјата на мерење на времето. Притоа нема да бараме одговор на прашањето што, всушност, е времето, бидејќи одговорот на ова прашање е многу комплексен и, впрочем, во неколку наврати веќе сме пишувале на оваа тема при разгледувањето на теоријата на релативитетот. Наместо ова, тука ќе го забошотиме одговорот на ова прашање и наивно ќе кажеме дека времето е она што го мери часовникот.