Рубрика: Физика
Фотонски полупроводници
Автор: Милена Бојаџиска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фотонскиот кристал е оптички материјал со посебна структура која е создадена по вештачки пат. Таа представува матрица од периодично распоредени области на средини со различни индекси на прекршување чија вредност многу се разликува. Периодот на промената на индексот на прекршување во ваквата оптичка средина во една, две или три димензии е од ред на големина како и брановата должина на електромагнетното зрачење, така што во оваа средина може да напредува без абсорпција само зрачење со определен интервал на бранови должини. Овој интервал на бранови должини се нарекува дозволена фотонска енергетска област. Слично, интервалот на бранови должини кои не може да напредуваат во оптички транспарентната средина се нарекува забранета фотонска енергетска зона или фотонски енергетски процеп. Вака создадениот материјал се однесува со светлината слично како електронскиот полупроводник со електроните, па е наречен фотонски полупроводник или фотонски кристал. Фотонските полупроводници може да најдат примена при пренос и меморирање на информации.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.