Информатика
Најновото издание на прелистувачот Mozilla Firefox, Firefox 102, носи нова функција која ги спречува сајтовите како Facebook да ве следат на други веб-локации. Новата функција е наречена Query Parameter Stripping. Автоматски ги отстранува низите знаци додадени на крајот на URL-адресите што им овозможуваат на Facebook и другите компании да ги следат вашите кликови и да прикажуваат насочени реклами.
Објавено на 05.07.2022 - 13:00

Фототехника
Изложба на алтернативни фотографии, ќе биде вовед за новиот фестивал на алтернативна фотографија-Зрно која ќе биде отворена вечерва во 20 часот во продажен салон на Културно информативниот центар – Скопје.
Објавено на 04.07.2022 - 13:45

Метеорологија
Козјак - Поглед кон Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест
Приказнава може и да се вика и "Како Козјак го спасува Скопје" Ме возеше еден таксист неодамна и ми вели... " Откако ја изградија браната веќе навечер кон Припор (?) го нема она ветерче што го имаше порано ". Јас и пред овој разговор имав забележано дека и многумина други умеат да речат дека браната има штетна улога затоа што ја менува локалната клима на градот и го сопира ветерот кој порано се лизгал по долината и го разладувал Скопје. Па, еве едно мое сосем лично мислење за БРАНАТА и за ВЕТЕРЧЕТО.
Објавено на 04.07.2022 - 12:15

Информатика
Неколку големи компании работат на проекти за квантни компјутери, вклучувајќи ги IBM и Google. Меѓу нив е и Амазон. Компанијата го отвори AWS Центарот за квантни пресметки минатата година и уште од 2019 година нуди услуга на квантно пресметување преку веб-сервисите на Амазон. Проширувањето на таа работа е, како што тие велат, суштински аспект за квантната технологија да го достигне својот целосен потенцијал – квантно вмрежување. Па, во таа насока компанијата го претстави AWS Центарот за квантно вмрежување (CQN). Истражувачите ќе работат на технологија која може да доведе до создавање на глобални квантни мрежи.
Објавено на 01.07.2022 - 14:00

Историја и археологија
Дорсален и вентрален поглед на скапоцениот камен украс со мотив од точки што датира од пред 41 500 години
Декорирана слонова коска, обработена за да се носи со ремен – врвка или животинска жила, е најстариот украсен предмет изработен од Хомо Сапиенс а пронајден на просторот на Евроазија. Приврзокот, којшто датира од пред 41 500 години, е пронајден во пештера во Полска. Откритието, опишано во Scientific Reports, долго чекаше на верификација од италијански, германски и полски научници (од Универзитетот во Болоња, од Институтот Макс Планк и од Универзитетот во Вроцлав во Полска) за да се идентификува видот на хоминидот што го создал украсниот предмет – дали се работи за дело на хомо сапиенс или на неандерталец? Научната заедница се произнесе дури деновиве.
Објавено на 01.07.2022 - 12:30

Информатика
Изданијата на Windows OS имаат нешто заедничко со филмовите од серијалот Ѕвездени патеки – секоe второ издание се чини дека има проблеми со приемот во јавноста (читај “тапа”). Windows 7 воглавно беше добро примен и ценет по лансирањето во 2009 година, слично како и Windows 10 по неговото официјално претставување во 2015 година. Но, Windows 8, остана “чудното” средно дете кое се обиде да направи огромни промени во корисничкиот интерфејс во 2012 година, но не успеа...
Објавено на 30.06.2022 - 12:00

Климатологија
Непал го преместува базниот камп на Еверест. Како причина се наведени климатските промени и големиот број луѓе кои се собираат во него.
Објавено на 30.06.2022 - 11:45

Медицина
Истражувачите од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД успеаја да ги елиминираат сите преканцерозни лезии кај глувци. Како? Со вбризгување на насочен имунотоксин директно во млечните канали.
Објавено на 29.06.2022 - 15:15

Информатика
Корисниците на Инстаграм ширум светот од утрово известуваат за различни проблеми на оваа популарна платформа.
Објавено на 29.06.2022 - 14:15

Омнибус
Тајландската фармерска заедница соработуваше со Универзитетот Чианг Маи на уникатен експеримент – во храната на одгледуваните кокошки се додавал канабис наместо антибиотици. Одлуката е донесена откако епидемија на птичји бронхитис ги зарази сите кокошки, и покрај тоа што тие ја добиле нивната доза од антибиотикот. Според тајландскиот национален дневен весник, резултатите се чини дека се позитивни – кокошките повеќе не се болни, а месото и јајцата дури се подобриле во квалитетот, пишува тајландскиот весник The Nation.
Објавено на 28.06.2022 - 16:15

Pages