СОРАБОТКА СО ЕМИТЕР

Постојани соработници

Постојаните соработници го сочинуваат јадрото на ЕМИТЕР, кое се грижи секој број да биде исполнет со квалитетни, актуелни и атрактивни содржини. Да се биде во групата на постојани соработници на ЕМИТЕР е нов квалитативен скок во Вашата соработка со ЕМИТЕР. Тоа доаѓа сосема природно како резултат на Вашата посветена соработка и ангажман како повремен (надворешен) соработник. Основни карактеристики на постојаните соработници се: висок стручен квалитет и висококвалитетна техничка подготовка на написите, редовна месечна испорака на написи од повеќе категории, како и постојана подготвеност и достапност за консултации, совети и сè останато што е во интерес на настојувањата на ЕМИТЕР да ги задржи и да ги унапреди сегашните позиции во неговото делување. 

Како се станува постојан соработник 
Сите повремени (надворешни) соработници што се истакнуваат со квалитетни написи, посветеност кон ангажманот во ЕМИТЕР, како и со релативно редовно испраќање на готови написи до редакцијата, имаат големи шанси од главниот уредник на ЕМИТЕР да добијат покана за нивно преминување во статус на постојани соработници. Притоа, се запознаваат со обврските што треба да ги исполнат како и привилегиите коишто ќе ги уживаат доколку го прифатат ангажманот. Се потпишува договор за постојана хонорарна соработка во траење од една година. Договорот се обновува секоја година, при што може, но не мора, да дојде до промена на обврските и привилегиите за наредната година. 

Обврски и привилегии 
Обврските, пред сè, се однесуваат на типот, бројот и динамиката на доставувањето на написите, како и на тоа од кои научно-технички области ќе бидат. На пример, потребно е секој месец да испорачате еден голем напис и четири кратки информации од Вашата област на интерес (ова е само пример, а конкретниот обем ќе биде договорен со уредникот). Во написите потребно е да се запазени сите правила, насоки и сугестии што се дадени во Деталното упатство за подготовка на написи за ЕМИТЕР, кое е достапно за преземање подолу на оваа веб-страница. Темите за написите, планираниот обем и начинот на презентација се договараат тековно со уредникот, на Ваш предлог или на предлог од уредникот. Понатаму можно е да добиете задача (предлог) да напишете напис што е од посебен интерес за читателите на ЕМИТЕР во актуелниот момент. Пример за ова е одбележување на некој јубилеј од науката, извештај за настан што се случил во претходните денови или некое ново откритие, тема барана од читателите и слично. 
Од привилегиите најзначајна е тоа што Вашето име ќе биде истакнато во импресумот на печатеното издание и на веб-сајот на ЕМИТЕР, а тоа носи значајни поени во Вашето професионално портфолио. Понатаму, хонорарот како постојан соработник ќе биде за најмалку 50% поголем од хонорарот на повремените соработници. Уште една значајна придобивка е што, како рамноправен член на екипата на постојани соработници, ќе имате можност непосредно да учествувате во уредувачката политика на списанието – ќе бидете консултирани и ќе се бара Ваше мислење за одредени написи и теми, за воведување на нови рубрики, промени и новини што треба да се спроведат во ЕМИТЕР, со цел списанието да биде уште подобро, поуспешно и поконкурентно на пазарот. Со други зборови, влегувате во друштвото коешто е најзаслужно во обликувањето на ЕМИТЕР и за неговото влијание меѓу читателите и стручната јавност. 

Упатство и дополнителни материјали 
Иако веќе имате големо искуство во подготовка на написи за ЕМИТЕР сепак, како постојан соработник, потребно е внимателно да го проучите Деталното упатство и да постапувате според препораките во него. Ова Упатство можете да го преземете подолу од оваа веб-страница заедно со Word-шаблонот и со другите материјали коишто ќе ви ја овозможат и ќе ја олеснат Вашата работа во подготовката на написите за ЕМИТЕР. 

Ви посакуваме успешна и плодна работа и соработка. 

Секогаш Ваш, 
ЕМИТЕР

 

Датотеки за превземање:

* најавете се за да можете да ги преземете датотеките