Медицина
Тим од студенти по ветеринарни науки и научници од Федералниот универзитет во Санта Катарина, Бразил, во соработка со Центарот за развој и иновации за канабис во Бразил (Cannabis Development and Innovation Center), откриле дека оралната администрација на масло од канабис кај кучињата може да ги намали симптомите на дискоиден лупус еритематозус (DLE), кучешко автоимуно поттикнато кожно нарушување.
Објавено на 29.02.2024 - 15:30

Информатика
Интересот за најголемата криптовалута во светот ги достигна нивоата што за последен пат беа забележани во 2021 година. Како последица на тоа, во вторникот вредноста на биткоинот (BTC) се искачи над 57 000 американски долари. Цената на оваа “најважна” криптовалута порасна за цели 10% во текот на последнава недела и цели 35% од почетокот на оваа година, најмногу поради возбудата што ја предизвикаа низа фондови преку кои се тргува на берзата за биткоини, а кои за почнаа со тргување во јануари.
Објавено на 29.02.2024 - 14:00

Медицина
Откажувањето од пушење носи здравствени придобивки на која било возраст – кон ова укажуваат резултатите од студијата објавена неодамна во Jama Network Open која ги анализира здравствените податоци на речиси три милиони Корејци во периодот од 2002 до 2019 година, од кои 200 000 добиле дијагноза на рак. Иако истражувањето истакнува дека најголеми придобивки имаат оние кои го оставаат пушењето пред 50-тата година од животот, резултатите покажуваат дека дури и оние кои ќе решат да го “баталат” тутунот подоцна исто така “ќаруваат” неколку години од животот.
Објавено на 28.02.2024 - 14:00

Информатика
Reddit склучи договор со Google што му дозволува на гигантот за пребарување да ги користи објавите од порталот за онлајн дискусија за обука на неговите модели за вештачка интелигенција и за подобрување на услугите од типот на Google Search. Договорот, објавен во четвртокот и проценет на приближно 60 милиони американски долари, истовремено му овозможува на Reddit пристап до моделите на Google AI за подобрување на неговото внатрешно пребарување на сајтови и други функции. Од Редит одбиле да коментираат или да одговорат на прашањата кои се однесувале за нешта кои не се дел од писменото известување за договорот.
Објавено на 26.02.2024 - 18:45

Историја и археологија
Малиот рептил Тридентиносаурус антиквус (Tridentinosaurus antiquus) бил откриен во далечната 1931 година во близина на Страмајоло, на висорамнината Пине, во алпскиот регион Трентино. Фосилот се чува во Природонаучниот музеј при Универзитетот во Падова, а се смета дека е значаен не само поради неоспорната вредност на фосилните докази за времето на Пермот (периодот пред 300 до 250 милиони години), туку и поради неговиот необичен изглед што се должи, како што барем досега се веруваше, на мошне редок процес на зачувување на меките ткива, особено на кожата. Токму поради оваа причина се сметаше дека се работи за уникатен примерок со непроценлива научна вредност. Но, отсуството на слични фосили поттикна сомнеж меѓу научната заедница за веродостојноста на карактеристиките на овој фосил.
Објавено на 26.02.2024 - 11:00

Астрономија и астронаутика
Сондата Нова-Ц Одисеј на приватната компанија Интуитив Машинс успешно слета на Месечината. Лендерит ја допре површината и направи меко слетување на Месечината денес, 23 минути по полноќ, по македонско време. Ова е првпат американска мисија да успешно да слета на површината на Месечината по мисиите Аполо и истовремено е прва приватна мисија која некогаш успешно слетала на Месечината.
Објавено на 23.02.2024 - 18:45

Историја и археологија
Во 2021 година група археолози наидоа на интересно откритие на северот на Шпанија – бронзена рака која се чини дека датира од пред околу 2000 години. Она што откритието го прави интригантно и уникатно се четирите линии со чудни симболи врежани од едната страна на артефактот, вдолж дланката. Најновите анализи укажуваат дека овој антички епиграф е поврзан со древните палеохиспански јазици и мошне веројатно бил дел од јазикот што низ вековите се развил во современиот баскиски јазик, кој се користи во одредени области на денешна Шпанија.
Објавено на 23.02.2024 - 13:45

Информатика
Веб-прелистувачите се портал помеѓу вас и Интернетот, така што тие треба да имаат одбранбени механизми кои можат да ги спречат хакерите да се “вселат” во вашиот компјутер или мрежа. Оттаму сосема логично е што Google сака да го направи Chrome уште побезбеден. Со претстојното ажурирање, Google Chrome ќе може да детектира и да блокира обиди за хакирање чијашто цел е креирање на упориште во домашната мрежа како место од каде што потоа ќе се тргне кон инфицирање на други уреди.
Објавено на 22.02.2024 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Леталото на Интуитив Машинс лансирано минатата недела продолжува без посериозни проблеми да се движи кон Месечината. Ако сè продолжи да се одвива како што треба лендерот Нова-Ц „Одисеј“ (‘Odysseus’ Nova-C) може да ја започне процедурата за слетување уште утре, на 22 февруари, почнувајќи од 23 часот и 49 минути по македонско време (17 часот и 49 минути по американско источно време).
Објавено на 21.02.2024 - 17:45

Математика
Победата во игрите на среќа со употреба на научен метод е дел од “влажните”соништа на сите оние кои учествуваат во наградните натпревари и лотарии. Но, дали навистина е може да се пресмета точниот број на лозови или ливчиња што треба да се купат за да имате среќна добивка? Двајца британски математичари од Универзитетот во Манчестер велат дека е можно, тврдејќи дека лотариска добивка на британската верзија на Лото може да се оствари со купување на само 27 ливчиња. За жал, нивниот метод не дава гаранција дека вредноста на добивката би ги покрила и направените трошоци.
Објавено на 21.02.2024 - 10:45

Pages