Рубрика: Научна фантастика
“Друг живот” – нова научно-фантастична драма на Нетфликс
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 11.07.2019 - 12:30

Има нешто мошне задоволувачко во можноста на малите екрани повторно да ја гледаме Кејти Сакхоф во вселената во уште еден обид да му обезбеди иднина на човештвото. Ако сте позаборавиле, што е можно бидејќи веќе изминаа 10 години откога последен пат ја гледавме Кејти во ваква улога, таа го олицетвори ликот на Старбак, во римејкот на култната ТВ-серија Галактика од 2003 година.

Новата серија, со наслов “Друг живот” (Another Life) е оригинална серија на Нетфликс, од доменот на научната фантастика. Дејството на серијата е сместено во не толку далечната иднина, а сè започнува кога на Земјата се појавува еден чуден, мистериозен артефакт од вонземско потекло. Кејти Сакоф, во улога на командантот Нико Брекинриџ, е задолжена да ја предводи првата меѓуѕвездена мисија на човештвото упатена кон местото, односно планетата од кадешто се претпоставува дека потекнува артефактот. Во меѓувреме, сопругот на Нико останува дома и се обидува да воспостави контакт со артефактот на Земјата. Според најавите серијата воглавно ја следи приказната на вселенскиот екипаж којшто при потрагата по вонземска интелигенција се соочува со низа стравотни и напнати ситуации што можат да донесат крај на нивната мисија.

Како што вели синопсисот за серијата во коментарот на трејлерот поставен на Нетфликс сметката на YouTube “Друг живот го истражува чудото на животот, колку е тој скапоцен во универзумот каде тој е толку оскуден, но и што сè сме подготвени да направиме за да ги заштитиме оние што ги сакаме”.

Иако атмосферата на вселенскиот брод во првиот трејлер потсетува на онаа од култниот хорор Sci-Fi филм “Хоризонт на настани” (Event Horizon) од 1997 година, сите очекувања се дека драмата воглавно ќе биде нешто поприземна, налик на онаа во неодамнешниот хит “Пристигнување” (Arrival) од 2016.

Премиерата на Нетфликс е закажана за 25 јули, па вие со претплата на овој сервис ставете го во меморија терминот за прикажување, а ние останатите некако веќе ќе се снајдеме...wink

Добро де, ќе ви дојдеме тогаш на гости angel

 

Во меѓувреме, за повеќе информации може да ја посетите веб-страницата на "Друг живот" на Нетфликлс или да го погледете трејлерот подолу.

Рубриката “Научна фантастика” е за­мислена како простор за ос­врти на дела од жанрот на науч­ната фан­тастика (книги, филмови ТВ серии...), за есеи за научната фан­тас­тика, но и за објавување на крат­ки НФ раскази од странски и до­маш­ни автори. Рубриката е от­во­рена за предлози, но и за пону­ди за соработка од сите кои се чувс­тву­ваат подготвени да пишу­ва­ат и да ги споделат своите дела, знаења и размислувања за научната фантастика. 

Клучни зборови: